Анемијата или недостигот на железо во организмот е многу чест проблем и може да биде особено ризичен за време на бременоста. Од друга страна, бремените жени често имаат пониско ниво на железо, како и доилките, бидејќи токму тоа се периоди кога телото има зголемена потреба од железо.

Токму затоа, треба да се посвети посебно внимание на нивото на железо во организмот во овие периоди, а еве зошто анемијата е особено опасна за трудниците.

Анемија во бременоста

Некои од факторите што придонесуваат за развој на анемија за време на бременоста се кратки интервали помеѓу бременост или породување, повеќекратна бременост и небалансирана исхрана.
Најризични, во овој контекст, се второто и третото тримесечје од бременоста, кога фетусот расте, плацентата е веќе во голема мера формирана, црвените крвни зрнца се произведуваат, а телото на мајката не може да се справи со големата побарувачка на железо.

Трудниците што имаат анемија за време на бременоста и породувањето може да доживеат некои компликации, како што се поголем ризик од спонтан абортус, крвавење за време на породувањето и слично, бидејќи недостигот на железо влијае и врз мајката и врз бебето.

Симптоми на анемија во бременоста

Доколку нема доволно железо во ткивата на телото, тоа е сидеропеничен синдром, што доведува до намалена активност на многу ензими и недоволно кислород во ткивата – синдром на анемија. И двете состојби имаат свои симптоми.

Симптоми на синдропеничен синдром:

-Сува, ронлива кожа, мали пукнатини во аглите на устата.
-Промени во ноктите (се кршат, меки се, се појавуваат испакнатини на ноктите).
-Проблеми со косата (расцепени врвови, може да се појави алопеција, предвремено побелување).
-Мускулна слабост и замор.
-Потребата од необични мириси – лак за нокти, бои…
-Желбата за „чудни“ вкусови, како што е потребата трудницата да јаде креда, малку сирова храна, глина…
-Симптом на сина склера – кога белката на окото добива синкава нијанса, во некои случаи сива или виолетова.
-Тешкотии при голтање, особено сува храна.

Симптоми на синдром на анемија:

-Слабост, поспаност, главоболка, вртоглавица.
-Брз замор.
-Губење на апетитот.
-Бледа кожа.
-Треперење пред очите.
-Ѕвонење во ушите.

За да се утврди дали нивото на железо во крвта е ниско, се прави тест на крвта со кој лесно може да се дијагностицира анемијата, која успешно се лекува со препишани суплементи.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X