На фејсбук-страницата „Итна во живо 194“ е објавена фотографија од мајка која го дои своето бебе по доживеана сообраќајна несреќа.

Дени Бет патувала до куќата на нејзиниот татко за да ја запознае неговата двомесечна внука Инди. Десет минути пред да пристигне, изгубила контрола над автомобилот и удрила во блиската ограда.

– Луѓето застануваа и прашуваа дали се сите добро, а јас врескав да го извадат моето бебе – вели мајката.

Малата Инди била извадена од автомобилското седиште од случаен минувач, а за кратко време пристигнала и брза помош.

– Фала му на Бога за седиштето. Додека бев трудна, гледав цени, беа скапи, но сега ми е мило што платив толку многу – вели мајката.

Целото тело ѝ се здрвило и се тресело, па почувствувала страшна болка. Болничарите не ѝ дале ништо бидејќи дои. Додека ги чекала резултатите од скенирањето, Инди почнала да плаче.

– Мислев дека е гладна. Прашав дали можат да ми ја симнат јаката од вратот за да дојам, но тие одбија затоа што морав да одморам – се сеќава таа.

Медицинската сестра која го држела бебето им рекла на сите да ја напуштат собата, па му помогнала на бебето да се приспособи.

– Веднаш се смиривме, и јас и Инди. Штом ми ја ставија на градите, веднаш почувствував олеснување, иако имав страшни болки – вели мајката.

Истата медицинска сестра направила прекрасна фотографија од мајката и бебето што ја покажува љубовта и подготвеноста на мајката да го смири своето гладно девојче.

Извор



912

X