Секој родител има свое омилено дете. Да, знаеме дека кога ќе го прочитате ова, ви звучи малку шокантно. Но, тоа е само поради фактот што е запишано некаде, а не само во вашата глава, скриено како најголема тајна. Меѓутоа, ако размислите добро, нема ништо лошо во тоа што едното дете ни е можеби малку помило, поблиско од другото, нели?

И секој родител кој категорично тврди дека не е така – не ја кажува вистината. Една анкета, спроведена неодамна во Обединетото Кралство, покажала дека 23 отсто од мајките признале оти имаат омилено дете. Истражувањето е спроведено на 2.000 возрасни лица, а речиси е сигурно дека и во анонимна анкета многумина немале храброст да ја кажат вистината. Истото истражување покажало дека 24 отсто од мажите тврдат дека им се омилени на нивните мајки, додека 17 отсто од жените го тврделе истото.

Психолозите за „Стади фајндс“ откриле кои би можеле да бидат суптилните знаци што би ви укажале на тоа дека сте ѝ омиленото дете на вашата мајка. Или пак – кои се знаците што би можеле да му дадат до знаење на вашето дете дека ви е омилено дете.

-Често омилено на мајката ќе ѝ биде детето кое има слична личност како нејзината – понекогаш дури и детето кое најмногу ја потсетува на себе кога била млада – изјави бихевиоралниот психолог од Велика Британија, Џо Хемингс. Но, додава таа, има и други знаци кои можат да укажуваат на тоа.

Името или роденденот како лозинка

Мајката или таткото често ќе го изберат името или роденденот на омиленото дете за лозинка, или ќе имаат повеќе фотографии или дела од тоа дете во домот.

Нема укор

Родителите поретко или помалку, или никогаш нема да го казнат омиленото дете. Нема ни да го прекоруваат многу често.

Секогаш му веруваат

Родителите секогаш ќе му веруваат на своето омилено дете, односно ако има „обвинение“, секогаш прво ќе ја слушнат неговата страна и нема да тргнуваат од претпоставката дека детето нешто сокрило.

Бараат совет

Омиленото дете секогаш ќе има поголеми шанси да учествува во одлуките, а родителите со задоволство ќе побараат совет од омиленото дете.

Тон на гласот

Да, неверојатно, но токму така. Родителот има многу помек, понежен глас кога разговара со омиленото дете, во споредба со другите. Има и некои помалку опипливи работи за кои можеби е потребен малку повеќе напор за да се утврди или забележи дека родителот е наклонет кон детето. На пример, до кого најмногу ќе сака да седне за време на заеднички оброк или кој е најчесто тема на неговите разговори.

Сепак, без разлика на сето ова, на детето дури и подоцна во животот му е многу тешко да утврди дали му е омилено дете на родителот, во споредба со неговите браќа и сестри. Сепак, тука се вклучени многу фактори и штом се вклучени емоциите, процената не ни оди секогаш од рака. Имено, своевремено научниците утврдиле дека децата ќе згрешат во околу 60 проценти од ситуациите во кои ќе проценат дека ѝ се миленици на својата мајка.

Автор: Луна Николиќ

Извор



912

X