Кај повеќето бебиња првите заби почнуваат да никнуваат на шест месеци, но често се случува да почнат и порано. Проблемот е што родителите многу промени ги поврзуваат со растот на забите, но многу симптоми можат да бидат погрешни, особено оние поврзани со инфекции и вируси. За да бидете сигурни дека на вашето бебе му никнуваат заби, ова се најчестите симптоми што ја придружуваат оваа фаза:

Ако вашето бебе се лигави повеќе од вообичаено, најверојатно причината е никнувањето на забите. Овој феномен сигурно ќе го забележите и тоа е нормален процес кој исчезнува кога ќе избие запчето.

Ако продолжи да ги става рацете в уста или гризе нешто што може да му се најде. Бидејќи непцата ги болат и чешаат, бебињата го прават ова за да ја смират непријатноста. Исто така, поради болните непца, често го губат апетитот и одбиваат храна, дури и онаа што ја сакаат.

Неутешното плачење ја придружува оваа фаза, особено ноќе, што им го нарушува сонот. Иако овој знак може да укаже и на други проблеми, доколку е изразен, прегледајте ја устата. Ако забележите отечени и црвени непца, ќе знаете дека дефинитивно се работи за забите. Сепак, постојат три симптоми кои се поврзани со никнувањето на забите, но ги придружуваат и вирусните инфекции, еве како најлесно да ги разликувате:

Дијареја – за време на никнувањето на забите, детето може да има полабава столица и тоа не треба да биде преголема причина за загриженост. Меѓутоа, ако ги има повеќе во текот на денот со појава на температура, тогаш ова е знак дека се работи за стомачен вирус.

Течење на носот – нормално е да се забележи посилен секрет во носот при дување. Но, доколку забележите кашлица или состојбата на детето се влошува со температура, тогаш одете на педијатар бидејќи постои можност да се работи за респираторна инфекција.

Температура – најголемата заблуда е дека секоја температура укажува на раст на забите, доколку надмине 38, бидете сигурни дека детето има вирусна или бактериска инфекција, особено ако тешко се намалува или брзо се враќа по земањето на сирупот.

Извор



912

X