Скандинавските родители веруваат дека една од најважните работи во растењето е тоа што го прифаќаат своето тело и се чувствуваат удобно во него. Затоа, воопшто не треба да ве чуди што во детските книги има деца без облека.

И не само тоа, јавниот сервис во Шведска емитувал цртан филм за деца од предучилишна возраст во кој се појавуваат пенис и вагина што пеат! Наскоро станало неверојатно популарно на социјалните мрежи, а родителите биле воодушевени, и на повеќето им се допаднал овој начин на образование. Сепак, тој цртан започнал многу дебати во Европа. Ова поттикнало мајка од Америка, која живее во Шведска, да го сподели своето искуство кога станува збор за воспитувањето деца.

Имено, таа добила е-порака од градинката каде што одел нејзиниот петгодишен син со фотографии од неодамна организиран излет.

„На фотографиите изгледаше како децата да се во нечиј двор и уживаат во прекрасен сончев ден, јадат печени виршли и хамбургери и трчаат покрај прскалките на тревникот. Она што ми падна в очи е дека децата трчаа до тие прскалки сосема голи, со долна облека или без“ – рекла оваа мајка. И додала оти не знаела дека излетот бил во куќата на наставничката. Таа истакнува дека поради тоа ѝ било малку непријатно, но нагласува дека по неколку години живеење во Шведска, целосно го променила ставот!

Веќе не ѝ пречело тоа што сликите на кои нејзиното дете е голо ги добиле и другите родители, ниту тоа што децата оделе на излет во дворот на наставничката, ниту пак ѝ пречело што такви отишле со јавен превоз.

Извор



912

X