На 18 (петок) пристигнуваат сините прекрасни штрумфови, со кои голем број од нас се потсетуваат на своето детство.

Штрумфовите ќе пристигнат во „Ист гејт мол“ заедно со нивното магично село, каде што дечињата ќе може да влезат во штрумфастичните печурка-куќички, да готват супа, да ја посетат лабораторијата на Веле штрумф, салонот за убавина на Штрумфета, кафезот на Гаргамел, да го видат Азриел и многу други забавни активности, креативни работилници.


Интерактивните настани ќе се одвиваат секој вторник, четврток и петок од 18 ч, како и сабота и недела од 13 ч и 18 ч, запознавање и фотографирање со Велештрумф, Штрумфета и Текнувало, Гаргамел и Азриел.

Присуство на сите настани е бесплатно во текот на целиот период, од 18 ноември до 9 декември.
Штрумфовите се приказни кои се стари 100 години. Тие се заштитници на природата и на старите добри вредности. Амбасадори на Обединетите нации за целите на одржливост и развој на човештвото.

(Комерцијална објава)



912

X