Образование

Штрајкот во образованието оди во мирување, учениците од утре на настава

Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници во врска со мирно решавање на споровите

Штрајкот во образованието е ставен во мирување. Ова денеска го истакна Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, по одржаната седница на Советот на СОНК.

Тој истакна дека ваквата одлука на Советот на Синдикатот доаѓа по добиено известување од Министерството за образование и наука со кое отпочнува постапка за помирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници во врска со мирно решавање на споровите.

– Советот на СОНК и СОНК се легалисти и се за почитување на законите, од таа причина дел од одредбите водат кон тоа дека додека трае периодот на помирување и решавање на спорот меѓу двата спротивставени табори, доколку се работи за штрајк, истиот оди во мирување -истакна Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Откажан е и протестот на СОНК најавен за 4 мај годинава.

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top