Момчињата не плачат. Така е, затоа имаме куп „вистински мажи“ кои не знаат како да воспостават блиски, отворени и искрени односи, лажно уверени дека баш такви жените ги сакаат. Некаде помеѓу патријархатот и светот кој патријархатот (конечно) го стега, стои важно известување: не сте свесни колку тие ваши вистински мажи што не плачат можат ниско да паднат за само малку внимание.

Како патријархатот лажно ги воздигнува мажите?

Ти си маж, ти си поголема жена од мене – вели Вики, позната пејачка. или, кога и да сакате да деградирате маж, кажете му дека е жена, тетка, дајте му некоја особина од женскиот род. Иако жените се најголеми жртви на патријархатот, тие придонесуваат кон величање на машката супериорност. „Почитувај го и немој покрај тебе да се чувствува помалку машко“.

Патријархатот е еднакво тежок и за мажите и за жените. Додека жените мора да се приспособат на идеалите за убавина, мажите се принудени да се вклопат во сликата на хранител и снабдувач. Додека од жените се очекува да ја сопрат кариерата и да ги исполнат семејните должности, од мажите се очекува да удрат со раката на маса. Ниту сме ние должни да раѓаме, пегламе, готвиме и да го скратиме јазикот, ниту сте вие должни да нè издржувате. Патријархатот го застапува родовиот стереотип за силни мажи кои слабоста ја покажуваат со плачење и така на момчињата им се лепи етикета која може да го задуши нивниот емоционален развој.

„Вистинските момци не плачат“ и „биди машко“ се фрази кои никого нема да направат похрабар, посилен и подобар човек, туку му ја оштетуваат самопочитта и му го задушуваат автентичното ЈАС.

Општеството не застанува тука. Светот кој е подреден на машкиот род, веќе со векови, силно ги деградира жените, а лажно ги воздигнува мажите и на тоа нè учи уште од детството. Што се вели, на време ни ги поставува границите и утврдува кому каде му е местото. Потоа уредно тој ист свет се прашува зошто сме бесни и зошто постојано нешто ни пречи. Па, на секоја личност што има малку интелигенција не ѝ одговара да гледа општество кое на плачењето гледа како на слабост и работа наменета за девојчињата. Така кулминира бројот на момчиња што ги сузбиваат емоциите бидејќи се плашат дека некој друг ќе ги осуди, па затоа не знаеме дали Марко се истепал затоа што бил бесен, тажен или му требало внимание. Но, важно е дека со солзи не покажал слабост. „Немој да плачеш како некое девојче“. Совршено„ Ајде најголемата навреда за едно момче да биде споредба со девојче. Од друга страна, ако на девојчето му даваме епитет на момче, тоа е идеална пофалба. Да речеме: Бори се како машко!

Зошто луѓето плачат иако се грди така расплакани?

Под број 1, никој не е грд кога плаче. Грди сте кога пикањето на носот во туѓите емоционални состојби ве изопачува. Под 2, психологот д-р Вирџинија Еато, проучувајќи ги возрасните, открила дека најчестите причини поради кои луѓето плачат се стресот и вознемиреноста. Плачењето е здрав начин на покажување чувства. Секојпат кога на момчињата ќе им речете дека се грди бидејќи плачат, ги поттикнувате да ги потиснуваат емоциите. Со оглед на тоа дека не сум психолог, овој текст не е стручна литература, но затоа емоциите се споменати во книгата за психологијата која речиси сите сме ја имале во средно образование.

На психотерапиите толку пати сум плачела, што еднаш и бесно реков: И зошто, воопшто, ставав маскара кога знам што ме чека? Драги луѓе, плачеме бидејќи тоа ни помага да се смириме, да го ублажиме стресот и да го отфрлиме товарот, не плачеме бидејќи мокриме во седечка положба. „Машките солзи“ не се културолошки прифатливи, но знаете што е прифатливо? Мажите кои не умеат да остварат близок однос. За нив, често велиме дека се „такви“, луѓе со кои никогаш не знаете на што сте. Иако постојат мислења и дека не одат подалеку од врска која никогаш не прераснала во брак бидејќи едната страна не знаела да искаже емоции, па на оваа другата ѝ пукнал филмот.

Не знам што ви значи „грд си кога плачеш“, но знам дека мажите имаат лоши денови и треба да им се даде слобода да изразат бес, фрустрација и тага. Сè што може да се случи е подочници од плачење, но ништо што две лажици, кои сте ги држеле 10 минути во фрижидер, нема да решат. Само ставете ги на очи и повторувајте: Не ми е гајле.

Автор: Јелена Ѓурѓевиќ

Извор



912

X