Кога станува збор за воспитување и подигнување на децата, родителите често бараaт совети од различни извори: членови од семејството, пријатели, експерти, книги
Секако, секој родител сака неговите деца да бидат среќни и успешни, но што е магичната тајна?
Тина Б. Тесина, психотерапевт, има неколку идеи.
1. Знаат дека воспитувањето успешни деца е нивна работа, па затоа ја сфаќаат сериозно
За да бидете успешни во која било работа, потребно е да се внесете максимално – а тоа важи и за воспитувањето деца. Работата на родителот е да ги воспита децата да станат успешни возрасни луѓе. Во кој било стадиум, особено во тинејџерските години, овие родители имаат на ум дека нивните деца треба да научат да бидат одговорни, мотивирани и добри во задржувањето и одржувањето врски.
2. Самите родители успешно управуваат со сопствениот живот
Без да знаат, родителите постојано им поставуваат примери на своите деца, често преку осмоза. „Како родител, најдоброто нешто што можете да го направите за да го научите вашето дете на успех е самите да бидете успешни – покажете им што е потребно за човек да биде успешен. Ова не значи дека само треба да имате дефиниција за успех, туку и разбирањето како се постигнува.
3. Не се плашат да направат грешки
Никој не сака да прави грешки, но тоа е единствениот начин што прави разлика. Родителите со успешни деца не се плашат да направат грешки што родителите можат да ги видат. Кога детето ќе види дека сте згрешиле, а потоа сте ја поправиле грешката, вие му обезбедувате одлична животна лекција.
4. Знаат како да делегираат
Одговорноста е важен дел од животот, а родителите на успешните деца знаат како да делегираат. Дајте им на вашите деца задолженија: побарајте од нив да ви помогнат со домашните обврски, дури и ако помошта значи правење неред.
Во секоја фаза на нивниот развој давајте им малку одговорност – поентата е да научат како да ги прават работите и да разберат што треба да прават.
5. Го прават тоа што го велат
Кога еднаш ќе донесете одлука, држете се до неа. Немојте да паднете во искушение да ја промените.
6. На своите деца им кажуваат како да ги ценат парите
Учењето за финансиите е од клучно значење за децата. Некои родители на успешни деца доаѓаат од скромни или сиромашни семејства – тие знаат како е да сакаш нешто што не можеш да си го дозволиш.
Како резултат на тоа, тие ги воспитуваат своите деца да ја знаат вредноста на парите и ги учат да го одложат задоволството со работа, заштеда и чекање додека не заработат доволно пари за да го купат тоа што ги сакаат.
7. Демонстрираат како да се справат со разочарувањата и развиваат издржливост
Животот е полн со подеми и падови, а родителите што воспитуваат издржливи деца им ги покажуваат сите страни на животот, вклучително и разочарувањето. Единствениот начин за градење „мускули“ што ќе помогнат во справувањето со разочарувањето и падовите е да го искусат, да поминат низ него и да ја преживеат болката.
8. Знаат како да се забавуваат
Улогата родител е доста сериозна, напорна и бара поставување граници и правила, но тоа не значи дека не треба да се забавувате со вашите деца. Напротив, треба да ги учите децата да балансираат меѓу работата и играта бидејќи тоа е од суштинско значење. На пример, можете да ги однесете на базен или на сладолед откако ќе си ги извршат сите зададени обврски.
9. На своите деца им даваат љубов, поддршка и охрабрување
За да воспитате успешни деца, треба да им дадете многу љубов, поддршка и охрабрување. Многу е поефикасно да се фокусирате на она што вашите деца го извршиле одлично. Прославете ги достигнувањата, помогнете им со нивните борби и покажете им дека сте сигурни во нив и дека им верувате.