– Боите можат да бидат симболични и репрезентативни. На пример, срцето симболизира љубов и најблиску му се розовата или зелената боја. Децата фокусирани на љубов сакаат да носат розова боја, како принцези, а по неколку години, во трето одделение, повеќе сакаат еднорози и митски суштества. Тогаш виолетовата им станува омилена боја – вели психологот Морин Хили.
Taa има дипломирано на Универзитетот Кларк во Ворчестер, а има магистерски и докторски студии на програмата за детска клиничка психологија на Универзитетот Филдинг во Санта Барбара.

Хили вели дека некои деца повеќе сакаат студени бои, како сината, додека некои повеќе се поврзуваат со потоплите, како што се црвената и портокаловата. Тоа зависи од специфичните потреби на детето.

– Од моја перспектива, боите им се како храна. Од перспектива за теоријата на боите, секое дете бара боја што емоционално му е потребна во тој момент и не постои проблем доколку детето има омилена боја. Некогаш одредена боја прави да се чувствуваат подобро, ги смирува или опушта – истакнува таа.

Црвена – Децата што сакаат црвена боја имаат силна волја. Тие мора да го реализираат она што го сакаат.

Сина – Смирените луѓе обично се поврзуваат со различни нијанси на сина. Бојата на океанот и на небото се поврзуваат со спокој и опуштеност на детето.

Зелена – Нежните деца што лесно се поврзуваат со секого ја сакаат оваа боја. Љубителите на зелената боја обично бараат сигурност и се многу лојални.

Розова – Молчаливи дечиња што обожаваат да играат. Овие особини се јавуваат и кај возрасните луѓе што сакаат розова боја.

Виолетова – Љубителите на оваа боја повеќе се наклонети кон уметноста и често размислуваат надвор од рамките за да ја искажат сопствената креативност.

Жолта – Оваа боја ја сакаат мислителите. Оние што сакаат жолто се добри во планирање и поставување стратегии, макар тоа да значи и едноставно организирање на играчките.

Портокалова – Друштвените деца сакаат портокалова боја и сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Црна – Додека некои извештаи велат дека станува збор за променливи личности, дел од експертите велат дека црната се поврзува со софистицирани и чувствителни луѓе.



912

X