Нема ништо што е постигматизирано во денешното општество отколку отсутните татковци. На нив се гледа како на себични личности. Често се опишувани како неуспешни социопати. Ако прашате некого што мисли за отсутните татковци, најчесто ќе добиете негативно мислење. Ефектите од растење без татко се добро документирани. Децата, особено младите момчиња, навистина имаат потреба од силен машки модел во својот живот за да им се покаже како изгледа животот на возрасна личност. Отсуството на таткото е поврзано со повисоки стапки на малолетничка деликвенција, помали приходи, како и повисоки стапки на депресија.

Но, дали отсутните татковци чувствуваат вина, тага и каење?

Краткиот одговор е да, повеќето од нив го чувствуваат тоа. Иако самохраните мајки може да бидат одлични во воспитувањето на своите деца, во многу ситуации на детето му е потребна и татковска фигура. Сите заслужуваме љубов, поддршка и охрабрување кое произлегува и од нашите татковци, па во продолжение прочитајте како се чувствуваат некои татковци во однос на тоа што не посветиле доволно внимание на своите деца.

Прашањето е: „Дали отсутните татковци се чувствуваат виновни?“

Следуваат одговори на петмина татковци:

Марио (67)

-Колку деца имате?
-Две. Близнаци се.
-Па, зошто го сторивте тоа?
-Побегнав од сопругата и децата бидејќи едноставно не можев повеќе да издржам. Бев млад, таа имаше потреби и не се усогласивме. Стануваше ужасна. Ме прекоруваше, постојано се жалеше, се здебели и јавно ме понижуваше. Не беше моја идеја да имаме деца. Намерно не ги пиеше антибеби-пилулите и очекуваше едноставно да се сложам со сето тоа. Следното што го сторив е нешто на кое не сум горд. Започнав афера со жена од работа, го оставив семејството и заминав од земјата. Само ѝ дадов до знаење кога повторно се вратив во САД.
-Дали повторно ги видовте своите деца?
-Не, и тоа жив ме јаде. Се обидов да ги најдам, но тие веќе не сакаат да зборуваат со мене. Не сакаат ништо да имаат со мене. Ги изгубив.
-Дали се чувствувате лошо за она што го сторивте?
-Не можам да си простам.

Џејден (33)

-Колку деца имате?
-Едно.
-Зошто го сторивте тоа?
-Ѝ кажав дека не сакам деца. Ми кажа дека ако забремени, ќе абортира. Па, почна да зборува за имање дете, а јас се подготвував да заминам. Знаев дека не сакам да останам со неа долго. Таа го осозна тоа, претпоставувам, па остана бремена. Зборуваше за брак. Јас одбивав. Почна да ја користи бременоста против мене. Ѝ реков дека треба да избере помеѓу тоа да биде самохрана мајка или да абортира. Знаеше дека не сакам дете. Таа го направи изборот.
-Дали некогаш го видовте своето дете?
-Повремено ми испраќа фотографии и ми наметнува вина. Јас немам интерес за него. Ѝ дадов пари откако го добив резултатот од татковскиот тест, но немам желба да го видам детето.
-Дали се чувствувате лошо поради својата одлука?
-Не. Не ми е грижа колку лошо звучи. Бебето не треба да биде еднострана одлука, ниту треба да биде начин за да врзете некого за себе.

Хулио (35)

-Колку деца имате?
-Три. Едното го оставив.
-Зошто го сторивте тоа?
-Моето прво дете беше зачнато кога имав 17 години. Бев млад, паничев. Сакав само да се забавувам. Таа го задржа детето и јас одлучив да одам во војска само за да избегам од неа. Се согласив да плаќам алиментација откако таа се закани дека ќе им каже на моите претпоставени, но настрана од тоа, одбивав да го видам детето. Не е нејзина вина. Мојата ќерка само ме потсетуваше на сите неуспеси што ги имав. Ми беа потребни години за да бидам на чисто со идејата да ја видам.
-Дали ја видовте повторно:
-Се договорив да ја видам кога наполни 8 години. Мајка ѝ дозволи.
-Какво беше искуството?
-Беше тешко. Таа беше љубопитна. Сакаше да знае кој сум. Потоа, нашата врска беше напната. Некогаш, повторно исчезнував бидејќи не знаев како да се справам со неа.
-Кажавте дека имате уште 2 други деца. Како ви оди со нив?
-Моите други две деца беа зачнати кога бев во 30-тите години. Си ветив дека нема да заминам повторно. Се обидувам да бидам подобар, но не знам дали можам.
-Дали се чувствувате лошо во однос на првата ќерка?
-Да, не сум горд на она што го направив. Луѓето што знаат ме третираат различно. Не сум почитувам маж каков што веројатно треба да бидам.
-Би рекле дека тоа влијае врз вашиот романтичен живот?
-Во моментот кога ќе слушаат дека сум ја напуштил ќерката, повеќето од жените си заминуваат. Не сите, но повеќето. Не можам да ги обвинам.

Лени (25)

-Колку деца имате?
-Една ќерка.
-Зошто заминавте?
-Едноставно не можев да се справам. Сакав да бидам подготвен. Едноставно престанав да се грижам за мајката на детето… имав чувство како сѐ да е погрешно и не сакав да бидам принуден да давам толку пари и да поминувам толку време со неа. Мислам, сѐ изгледаше како да е „крај на играта“.
-Дали некогаш повторно го видовте вашето дете?
-Не. Имав можност, но едноставно не сакав.
-Дали им кажувате на другите дека имате дете кое не го гледате?
-Не.
-Дали се чувствувате лошо за она што се случило?
-Се чувствувам ужасно. Не сум горд на себе. Се обидувам да ги составам парчињата и да продолжам со животот. Сакам да мислам дека ќе бидам подобар следниот пат, ако има следен пат.
-Дали размислувате за неа?
-Се обидувам да не го правам тоа.

Гери (30)

-Колку деца имате?
-Не знам.
-Обидете се да погодите.
-3? Веројатно се од различни жени.
-Зошто ги напуштивте сите?
-Некои од моите девојки не ми кажаа дека се бремени сѐ додека не се породија. Другите сакаа да бидам околу нив, но јас не сакав да плаќам за деца што не планирав да ги имам. Тие ги родиле без да ме прашаат, па нека смислат што да прават со нив. Имам проблем со дрогата – голем проблем. Која жена би сакала дете со мене. Ги обвинувам нив.
-Дали некогаш сте ги виделе вашите деца повторно?
-Не. Немам потреба да ги видам ни нивните мајки.
-Се чувствувате лошо поради ова?
-Малку, понекогаш. Но, тоа не е причината зошто сме живи. Тука сме за да се забавуваме.

Автор: Осијана Тепфенхарт

Извор



912

X