Денес на жените не им е лесно. Тие се мајки, сопруги и градат кариера. Во сите тие тешки улоги сакаат да бидат успешни и повеќето во тоа навистина успеваат. Балансираат со обврските, истовремено решаваат повеќе различни проблеми и предност им даваат на темите за кои проценуваат дека го заслужуваат нивното време.
Меѓутоа, на многу жени улогата на мајка им е на прво место и ако нешто треба да се остави настрана, повеќето би одбрале тоа да е работата или бракот, а предност им даваат на децата. Тоа едноставно им го кажува нивниот инстинкт.

Жените не треба да се чувствуваат несигурно или виновно поради тоа и треба да знаат дека не се сами. Следните светски познати и успешни жени истовремено се горди мајки и сопруги и имаат слични животни дилеми што ги споделуваат со сите жени.
Почитувајте ги нивните совети за усогласувањето на мајчинството и работата…

Никогаш не заборавајте што е најважно

– Вистина е, без разлика што сум прва дама, а тој претседател, главната задача за нашите деца е секогаш да бидат на правиот пат. Тоа е најважното наследство што ќе им го оставиме – изјави Мишел Обама пред неколку години.

Разговарајте отворено

– Многу рано им објаснив – тие одат во градинка, а јас на работа. Секој од нас има свои обврски и одговорности, а кога ќе се сретнеме навечер, си ги разменуваме искуствата – рече Дијане Фон Фирстенберг, американско-белгиска дизајнерка.

Бидете им најдобар пример на своите деца

– Како и многу вработени мајки во светот, постојано водам внатрешна борба да бидам што подобра мајка и истовремено да им покажам како треба напорно да се работи. Заради работата, некогаш патувам и цело време додека сум отсутна ми недостигаат –рече Викторија Бекам.

Во ред е да бидеш селективен и да одредуваш приоритети

– Потребно е да сфатите дека мора да балансирате помеѓу кариерата и мајчинството, но клучот е во поставувањето приоритети. Станувате селективни во изборот и работите на оние проекти што навистина ви се важни за да можете секој друг момент додека сте будни да го искористите за своето семејство. Но, треба да се сетите и да одвоите време за себе – Ким Кардашијан.

Заборавете на чувството на вина

– Ослободете се од чувството на вина… кога сте на едно место, немојте да се чувствувате лошо затоа што не сте на работа, кога сте на работа, немојте да се чувствувате лошо што не сте дома – Кејти Курик, американска новинарка и продуцентка.

Можете од невозможното да направите возможно

– Мислам дека секоја вработена мајка се чувствува исто – поминува низ долги периоди кога само мисли: „Тоа е невозможно“. И потоа само продолжува да турка и да турка и на некој начин успева да го направи невозможното – изјави Тина Феј.

 

 

View this post on Instagram

 

‪Honored. Joyful. Happy. Determined.‬

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

Задржете го фокусот

– Сознанието дека дома го имам тоа прекрасно бебе ми дава чувство дека не морам повеќе да одиграм ни еден меч. Не ми се потребни пари, ни титули, ни слава. Ги посакувам, но не ми се потребни. Тоа е ново чувство за мене – рече Серена Вилијамс.



912

X