Сте имале прекрасна, сјајна коса во текот на бременоста, но откако сте се породиле, губите голем дел од косата, па помислувате дека ќе станете ќелави. Издвојуваме неколку работи што би требало да ги знаете за опаѓањето на косата по бременоста.

Се работи за честа појава

Не, не страдате од некоја чудна болест. Опаѓањето на косата по породувањето се јавува кај 40-50 отсто од жените, според податоците на Американската трудничка асоцијација.

Вашата коса влегува во фаза на одмор по бременоста

Околу 90 проценти од косата расте во кој било момент, додека останатите 10 отсто во фазата на одмор. Секои два или три месеци таа коса што се одмарала паѓа, а потоа на тоа место расте нова коса. Во текот на бременоста, зголеменото ниво на естроген во вашето тело практично ја замрзнува косата во фазата на одмор, што резултира со бујност на косата.

Почнувате да ја губите косата три месеци по породувањето

Најчестиот период за опаѓање на косата е три месеци по породувањето, според Американската трудничка асоцијација. „По породувањето нивото на естроген во вашиот организам се враќа во нормала и косата што се одмарала започнува да паѓа“, објаснува д-р Џоана Стоун, гинеколог во медицинскиот центар „Маунт Синаи“ во САД.

Ќе биде потребна една година за вашата коса повторно да почне да расте

Би требало косата да ви се врати во нормала околу првиот роденден на бебето, ако не и порано. Доколку косата не се врати во нормала и не ја добие вообичаената густина по една година, обратете се на дерматолог. Можеби постои друга причина зошто ви паѓа косата.

Не можете ништо да направите за да го спречите опаѓањето

Лошата вест е дека не постојат многу начини да го спречите опаѓањето на косата, но постојат чекори што може да ги преземете за на косата да ѝ се врати стариот сјај:

– Следете здрава диета и исхрана и користете пренатални витамини;
– Избегнувајте фен и пегла за коса додека опаѓањето не престане;
– Мијте ја косата поретко, само кога тоа е потребно и користете поретка четка за да го намалите откинувањето на косата.

Автор: Ксанет Шиперс



912

X