Многу луѓе ќе се согласат дека децата се најголема среќа и радост, но искусните знаат дека не е секогаш лесно да пливаш во родителските води. Доколку размислувате за овој голем чекор, прочитајте што сигурно ве чека.
1. Кога бебето има израз на лицето како да решава математичка задача, всушност ги полни пелените.
2. За малите бебиња огледалата се како магична играчка. За новите мајки, огледалата воопшто не се магични и е паметно да ги избегнуваат неколку месеци.
3. Луѓето велат дека времето од раѓањето поминува многу брзо. Но оние што го велат тоа веќе имаат големи деца и заборавиле како изгледа првата година од животот на детето.
4. Звукот на фенот или некој друг домашен апарат може да го прекине плачот на бебето. Зошто е така, не е познато, но на родителите воопшто не им е важно.
5. Облеката која пред бременоста сте ја исмејувале, како што се тренирките, по породувањето ќе ви стане единствениот моден пријател.
6. Сопругот спиел час повеќе од вас и вие веднаш му се лутите. Да, така е во светот на родителството.
7. Известувањето на роднините и пријателите за секој минимален напредок на бебето со фотографии и видеоснимки е исто како полно работно време. Штета што не се плаќа.
8. Доењето е уште еден магичен свет кој понекогаш ќе бидете принудени непланирано да го споделите со другите луѓе.
9. Дури и кога новороденчето е со вас, ќе се пронајде некој „паметен“ кој добронамерно ќе ви каже дека треба уште да работите за да ја вратите вашата фигура.
10. Патување со мало бебе е навистина предизвик, затоа, бидете подготвени!
11. Како и повеќето возрасни, ни бебето не знае секогаш да каже што сака, па и за тоа ќе мора да имате трпение и да ги покажете сите работи во куќата додека не го чуете звукот на воодушевувањето; само така ќе знаете дека токму тоа го сакало.
12. До крајот на првата година на детето вашата толеранција кон благите, гледањето телевизија или бактериите драстично ќе се зголеми и ќе сметате дека нема ништо ненормално во тоа.
13. Не грижете се за фазата во која нема да можете да замислете повторно да бидете трудни и да ги мразите детските колички – таа е краткорочна. За среќа, долгорочната фаза е полна со љубов, смеа и останува за цел живот.