Одлуката да се има дете со некого може да има огромно влијание врз врската. Без разлика дали посвојувате, раѓате или користите друг метод, постојат некои работи на кои треба да се согласите со партнерот пред да имате дете. Следуваат неколку разговори што мора да ги направите со партнерот.
Дали времето е добро?
Специјалистот за плодност Џејн Фредерик вели дека нејзините пациенти понекогаш грешат во планирањето на времето за дете. На пример, некои парови одлучуваат да имаат деца подоцна и имаат проблеми со плодноста, што може да се спречи со замрзнување на јајцата и спермата претходно. Важно е да се размислува за целта, вели Фредерик.
Дали го сакате ова сега?
Можеби изгледа дека двајцата сте подготвени за дете, но во некои врски едната личност сака дете веднаш, додека другата е помалку сигурна дека го сака тоа, смета психологот Марија Брус. Треба да се прашате дали двајцата сакате дете во моментот и доколку едната личност не е сигурна, треба да разговарајте дополнително. Потоа, Брус советува и размислување за можниот притисок од страна на околината – дали имате притисок од родителите и поради тоа сакате дете?
Кој може да ви помогне?
Изреката дека треба цело село да се одгледа едно дете е вистинска, смета Брус. Џесика Вејд додава дека секој родител има проблеми со недостиг на сон, итн. Паровите што немаат „втор план“ се преморени по првите неколку месеци. Размислете за семејството, пријателите и услугите што може да ги искористите доколку ви е потребна помош.
Кој какви одговорности ќе има?
Воспитувањето дете одзема време и бара посветеност. Вејд советува да се планира сè. Јадењето, будењето со бебето ноќе, носењето на детето во градинка, плаќањето за пелени, храна и облека – секоја обврска треба да биде доделена.
Како ќе платите за сè?
Според Вејд, мора да имате повеќе пари од планираното за детето. Помислете на трошоците и додајте повеќе пари на сумата за резерва. Мора да бидете подготвени на сè.
Каква улога ќе имаат вашите родители во животот на детето?
Кога имате дете, треба да одлучите кого сакате да гледате во животот на вашето дете и каква улога сакате тој да игра, вели психотерапевтот Тина Гилбертсон. Доколку имате конфликт во семејството, можеби треба да го решите за да му покажете добар пример на детето.