Сакајте го своето дете безусловно. Сепак, како што секој зафатен родител знае, понекогаш е тешко да се пронајде време и за дишење, а не пак за да му покажете на детето колку го сакате. За среќа, постојат некои едноставни работи што може да се вклучат во дневната рутина, а кои ќе го утешат детето и ќе го уверат во вашите чувства кон него. Психологот д-р Лин Џордан споделува 6 работи кои децата треба да ги знаат за да се чувствуваат сакани.

Тргнете го својот мобилен

Во денешно време животот без паметни телефони би бил едноставно чуден. Сепак, важно е да се издвои времето кое го поминувате пред социјалните мрежи или ја проверувате својата е-пошта за во целост да се фокусирате на детето. Одвреме-навреме важно е да се даде целосно, неподелено внимание на детето. Но, исто така, важно е и да балансирате со тоа за детето да научи дека вниманието мора често да го дели и со другите, вклучително и мобилните телефони и таблетите.

Поминувајте квалитетно време со секое дете

Ова се однесува на родителите што имаат повеќе деца. Важно е да поминете квалитетно време со секое дете посебно, дури и ако се работи за 15 минути дневно: тие 15 минути дневно на детето многу ќе му значат и поради тоа ќе знае колку ви е важно. Бидете специфични за вашето дете да биде свесно дека сте одвоиле време само за него. Тоа може да бидат едноставни работи, како читање приказни за добра ноќ или заеднички целодневен излет, ако имате време.

Одредете граници

Можеби ќе звучи чудно, но домашните правила и граници всушност му помагаат на детето да се чувствува сигурно и утешено… дури и кога се жали околу тоа дека мора да оди на спиење прерано или затоа што мора да остане на маса додека не заврши со јадењето. Важно е да се има некој систем и правила за сите да знаат што се очекува од нив. Рамнотежата помеѓу флексибилноста и границите всушност значи посреќно и посигурно детство.

Играјте со детето

Од боење до моделирање, вашето дете уште повеќе ќе ужива во своите активности ако и вие се приклучите. Играта со детето ви помага уште повеќе да се поврзете, но и да му потврдите дека го сакате. Најдобро е да се учествува во онаа игра во која и самите уживате бидејќи со самото тоа ќе биде позабавно и за вас и за детето.

Не прекинувајте го детето

Понекогаш децата многу зборуваат. МНОГУ. Но, дури и ако детето по стоти пат ве праша исто прашање – важно е да не го прекинувате. Внимателното слушање е многу важно за детето. Во ред е ако го прекинете додека расправате за некоја тема, но сеедно дозволете му да заврши со она што го кажува.

Потрудете се да ги запознаете неговите пријатели

Некои од пријателите на вашите деца може да бидат малку иритантни (особено оние што едноставно одбиваат да делат). Но, ако организирате игри и дружења и покажувате интерес за пријателите на вашето дете – му покажувате колку ви значи. На детето многу му значи ако ги поканувате неговите пријатели на игра и ако се трудите да ги запознаете. Сето тоа е дел од нашата вклученост во животите на нашите деца.

Извор



912

X