Еден аспект од воспитувањето издржливи деца е да ги научиме како да се справат со сопствените емоции во непријатни или стресни ситуации. Секој родител барем еднаш ќе наиде на непријатен излив на гнев од детето, а психологот Ализа Пресман тврди дека на ваквите ситуации треба да се гледа како на можност за корегулација со детето.

– Со вашето дете споделувајте чувство на смиреност. Вака полека го учите како да ги регулира своите емоции – вели психологот и сподели седум чекори за корегулација што можете да ги следите во ситуации кога вашето дете е вознемирено.

Дишете

Длабоко вдишете низ носот и издишете.

Запрашајте се себеси

Запрашајте се што ви носи овој момент. Дали мислите дека изливот на бес ќе направи да изгледате лошо пред другите или дека ќе ве осудат? Застанете и обидете се да го идентификувате коренот на вашата фрустрација.

Опуштете се

Можеби размислувате за тоа како оваа ситуација ќе влијае врз иднината или се обидувате да се сетите како сте се справиле со слични ситуации во минатото. Клучот е да престанете да размислувате за минатото или иднината, да се опуштите и да ѝ се препуштите на сегашноста.

Проценете

Проценете ја вашата состојба и состојбата на умот на вашето дете. Дали е мирно, љубопитно или избезумено?

Воочете

– Набљудувајте што се случува со вашето тело и телото на вашето дете. Проверете го дишењето и отчукувањата на срцето. Исто така, обрнете внимание на говорот на телото на вашето дете – вели психологот.

Поврзете се

Дозволете му на вашето дете да знае, вербално или со вашето тело, дека го гледате и дека се грижите за неговите чувства. Признавањето на чувствата може да го смири неговиот нервен систем.

Вклучете се

Сега, кога сте во мирна состојба на умот, донесете одлука како да реагирате. Ако вашето дете вика, спокојно кажете му да се смири. Вашата цел е да ги смирите емоциите на вашето дете, а истовремено да поставите цврста граница за тоа што е и што не е соодветно однесување.

Извор



912

X