Твојата пријателка е бремена. Имаш многу планови за она што сакаш да го направиш за неа. Мислиш дека навистина ќе ги сака зготвените оброци што планираш да ѝ ги оставиш откако детето ќе пристигне на светот. Сето тоа е во ред, но што со периодот сега? Идните мајки имаат потреба од внимание и во сегашноста. Земете ги предвид овие активности за вашата пријателка додека е бремена.

1. Закажете третман во спа-центар за неа

Сигурно си мислите – Не правам вакви третмани ниту за себе, а не пак за пријателка. Но, земете го ова предвид – одењето на маникир е лесно. Масажата на нозе и нега на лицето се уште позабавни. Додајте малку „Нетфликс“ и грицки во комбинација и станувате пријател на годината.

2. Згответе ѝ вечера, донесете ѝ вечера или изнесете ги нејзините деца на јадење

Откако се породив, многу ми се допаѓаше кога пријателите ме посетуваа и ми носеа храна. Но повеќе ми се радуваав кога ќе ми пишеа порака дека ќе донесат нешто за вечера кога бев во шестиот месец од бременоста.

На ваков начин добивате екстра поени зашто сте ја тргнале таа обврска од грбот на пријателката, а уште дополнителни поени ако го изнесете нејзиното постаро дете на јадење, за таа малку да се релаксира.

3. Помогнете ѝ да ја започне книгата за бебето

Пријателката ќе ви биде благодарна. Има нешто специјално во креирањето вакви книги за внесување на сите податоци кога бебето ќе пристигне. Со тоа ѝ помагате на идната мајка да почне да создава простор каде што ќе ги запишува сите спомени со нејзиното ново дете.

4. Разговор со нејзиниот партнер за да помогнете во планот за меден месец пред да пристигне бебето

Уште еден меден месец за нив пред да дојде бебето – зошто да не? Партнерите треба да имаат забавен заеднички викенд пред да се посветат целосно на својот нов член на семејството. Смислете изненадување со партнерот на пријателката од кое ќе биде воодушевена и ќе го обожава фактот што и вие сте дел од тоа.

5. Едноставно седете до неа

Обожавав кога пријателите доаѓаа кај мене и само си седевме заедно додека бев бремена. Подоцна во бременоста, неколку недели пред да се роди ќерка ми, не бев расположена да одам и да возам. Седењето и лежењето беа идеални, а јас многу се радував што пријателите доаѓаа и не бараа да правиме нешто. Некогаш гледавме филмови, некогаш гледавме видеа на „Јутјуб“ како 16-годишни девојчиња. Уживавме во заедничкото време заедно.

Автор: Британи Мајнор

Извор



912

X