Воспитување

Што треба да направите кога детето ќе се изгуби на јавно место

Малку работи во животот се пострашни од моментот кога ќе сфатите дека вашето дете го нема. Срцето ви прескокнува и целиот свет се замрзнува. Ако сте како повеќето родители, првото нешто што ќе го направите е анализирање на околината, барање од едно на друго место, обидувајќи се да го најдете и на крајот ќе почнете да го викате неговото име. Идеална ситуација е кога ќе успеете да го лоцирате детето, но ако не сакате да ризикувате пострашна судбина, една мајка на „Тик-ток“ споделува што прво да направите ако вашето дете се изгуби на јавно место.

– Ако погледнете наоколу и вашето дете не е повеќе до вас, она што треба да го направите е гласно да почнете да викате. Не молчете додека барате. Барајте го гласно – вели Џес Мартини, мајка на три момчиња.

– Можеби ќе се чувствувате глупаво правејќи го тоа, но подобро да изгледате глупаво отколку подоцна да се каете. Почнете гласно да го кажувате неговиот опис. Тоа би звучело вака: „Барам момче, 5 години, кратка кафеава коса, кафеави очи, црвена маичка, црни шорцови!“ Повторувајте го ова додека го барате – вели таа. Во тој момент речиси сите околу вас почнуваат да го бараат вашето дете наместо да го барате само вие.

Најдоброто сценарио? Некој ви го наоѓа детето и ви го враќа. Идеалното сценарио во најлош случај? Ако некој го грабнал детето, веднаш ќе го пушти затоа што не сака да го гледаат со дете со таков опис – вели таа.

@jesmartini

PSA that I feel can save kids and I’ve used- if your child goes missing in public #momsoftiktok #PSA #nojudgement #fyp #4up #besafe #parentsoftiktok

♬ original sound – Jess martini

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top