Ако сте исплашени поради фактот дека децата учат баш сè од вас, добре дојдовте во клубот. Кога детето ќе ги изгуби нервите поради ситница, прашајте се дали ја гледате таа реакција токму во себе. Ако дозволите децата да ве гледаат додека правите позитивни работи, тоа и на нив сигурно ќе остави траен и позитивен впечаток.

Зборувајте позитивно за нив

Никогаш не знаете кога слушаат. Погрижете се за нив да зборувате најубаво, кога е тоа можно. Кога ја гледаме светлата страна, таа ќе се осветлува уште повеќе.

Кавгите се праведни

Сосема е нормално родителите повремено да не се согласуваат. Запомнете дека треба да останете прибрани и да се расправате праведно и аргументирано. Нашите деца од нас учат за љубовта, разбивањето на бесот и решавањето проблеми. Без притисок.

Помирување

Не е необична ситуацијата родителите да имаат кавга пред децата, а потоа да се смират зад затворени врати. На децата ќе им биде подобро ако сведочат на помирувањето.

Љубезност

Насмејте се, покажете почит кога му помагате на некој странец. Вам тоа можеби ви изгледа како ситница, но на децата им дава голема животна лекција.

Убави гестови

Проверувате како ви се пријателите, испраќате цвеќиња, оставате пораки за поддршка или давате „обичен“ комплимент – така покажувате колку ги цените луѓето што ги сакате. Убавите гестови нема да поминат незабележано.

Зборувајте ја вистината (дури и ако е болна)

Многу лесно паѓаме во замка пред децата да кажуваме мали „бели“ лаги. Голема лекција е ако им дозволите да ве видат како се борите со изговарањето на вистината, и покрај последиците. Големи се шансите кога ќе пораснат да го прават истото.

Покажете сочувство

Сите во непосредна близина имаме случаи што ни го допираат срцето. Вклучете се и дозволете вашето страсно сочувство да стане заразно.

Покажете приврзаност

Прегратките и насмевката во односот со партнерот нека бидат лекции за вашите деца за љубовта што ја имаат дома.

Искажувајте благодарност

Ова нека стане дел од вашето секојдневие во вашиот дом. Со фокусирање на позитивното, ќе се чувствувате добро.

Семејството пред сè

Без разлика дали е потребна посебна грижа или не, дозволете им на децата да видат колку ги сакате и се грижите за нив. Кога го ставате семејството на прво место, градите силни темели и за децата.

Паметно трошење

Промисленото купување ги учи децата на лекција за поставување приоритети и штедење за тешките денови.

Барајте помош

Гордоста никогаш не би требало да ве спречи да побарате помош кога навистина ви е потребна. Нашите деца треба да знаат дека тоа не е знак на слабост, туку напротив – на разум.



912

X