Иако можеби не ви изгледа така, вашето бебе всушност многу спие. Бебето старо една недела ќе спие 16 часа на ден.

И за тоа време тие сонуваат, всушност многу повеќе од вас, вели професорот по педијатрија од Универзитетот „Стенфорд“, Алан Грин.

-Соништата им помагаат на бебињата, исто како и нам, да ги обработат доживеаните искуства. Иако бебето не може да ви каже што сонувало, постојат јасни индикации за тоа, а еден од првите е неговото расположение по будењето. Ако е среќно и насмеано, сонувало нешто убаво, ако е нервозно и плаче, тогаш веројатно обработило некое помалку пријатно искуство во сонот, како глад или непријатност во телото – вели професорот Грин.

Конечно, и покрај ризикот да ги поминете следните неколку дена покрај креветчето каде што спие вашето бебе, ова се три сигурни знаци дека вашето бебе сонува:

Тресење – дали вашето бебе се грчи додека спие? Научниците од Универзитетот во Ајова веруваат дека овие мали движења може да откријат на кои физички способности работи бебето во сон. Значи, ако забележите бебето да го мрда вратот во сон, можно е да не помине долго време пред бебето да почне самото да ја држи главата.

Смеење – уште во првиот месец по раѓањето ќе забележите како вашето бебе се насмевнува во сон, а бидете сигурни дека тоа е затоа што ужива сонувајќи нешто убаво.

Движење на зениците – ова движење под затворени очни капаци и за нас возрасните е сигурен знак дека сонуваме. Научниците од Универзитетот во Тел Авив откриле дека секојпат кога нашите зеници се движат во сон, сцените во нашите соништа се менуваат.

Извор



912

X