Во аптеките има голем избор на капки против грчеви за бебиња, иако е тешко веднаш да се каже кои се најдобри, всушност, сѐ зависи од бебето и од тоа како реагира на нив. Можеби првите не помагаат, но на крајот ќе најдете некои што ќе ја олеснат една од најболните фази. Најважно е да внимавате на составот при купувањето, во принцип сите овие капки се безбедни и претежно на природна основа.

Иако капките се разликуваат по својот состав, ова се најчестите состојки што се наоѓаат во нив и кои се клучни за намалување на непријатноста кај бебето:

Првиот и можеби најважниот е симетикон, кој е вклучен во речиси секоја капка и дава олеснување со тоа што ги претвора гасовите во помали меурчиња. Кога гасовите ќе се разложат на помали делови, бебето многу полесно ги поднесува бидејќи полесно минуваат низ дигестивниот тракт. Педијатрите сметаат дека симетиконот е безбеден за бебињата и дека има многу малку несакани ефекти, иако тие се можни доколку бебето зема друга терапија. Во овој случај, прво консултирајте се со вашиот лекар за тоа дали е безбедно да му дадете на вашето бебе капки за грчеви.

Покрај симетикон, капките за грчеви најмногу содржат природни растителни екстракти како камилица, нане, анасон и ким.

Камилицата е едно од најупотребуваните растенија и во народната и во современата медицина. Веројатно нема куќа во која нема чај од камилица. Поволно дејствува во лекувањето на разни болести, вклучително и стомачни проблеми.

Нането е уште едно од најпознатите и најкористените лековити растенија. Состојките како пелин, танини, ментол и флавоноиди придонесуваат за неговите лековити својства. Токму овие активни состојки придонесуваат за заздравување кога се во прашање стомачните проблеми. Нането дејствува така што ги опушта мускулите на дигестивниот тракт и дозволува гасовите полесно да минуваат низ телото.

Анасонот и чајот од ова растение се познати уште од античко време по нивната ефикасност при стомачни проблеми. Покрај тоа што производителите го користеле ова растение за производство на капки, на доилките им се препорачува да пијат чај од анасон за да ги регулираат проблемите со грчеви кај бебињата.

Листовите, корените и семките на кимот се многу корисни за регулирање на проблемите со надуеност, грчеви, а ја поттикнуваат и работата на дигестивниот систем. Со оглед на ефикасноста на ова растение, неговото присуство е целосно оправдано во производи како што се капките против колики за бебиња.

Експертите советуваат да избегнувате производи кои содржат натриум бензоат и бензоева киселина бидејќи овие состојки можат да бидат штетни доколку се користат во големи количини кај бебињата.

Извор



912

X