Бебињата може да имаат акутна и хронична дијареја. Ротавирусната инфекција е најчеста причина за акутна дијареја. Сепак, постојат и други причини, како што се:

-нетолеранција на храна
-бактерија
-паразити
-лекови
-нарушување на цревата.

Секој тип стомачна инфекција бара посебен режим на исхрана, со цел желудникот побрзо да закрепне. Затоа е важно да знаете што смеат, а што не смеат да јадат бебињата во тој период. Првата и основна храна за бебињата е мајчиното и вештачкото млеко, оти дури и во случај на дијареја не треба да се прекинува, особено за да се избегне дехидратација. Нахранете го бебето со помали оброци, што му овозможува на дигестивниот систем да работи побавно. Дијарејата не може да исчезне преку ноќ, затоа бидете трпеливи и упорни.
Кога има стомачни проблеми, задолжително применете ја диетата БРАТ – ова важи за бебињата кои преминале на диета без млечни производи. Вклучува храна која ќе помогне да се зацврсти столицата на бебето:

-банани
-ориз и/или домашна оризова житарка
-леб – особено тост-леб
-тестенини
-компири
-јогурт
-варено и изгмечено јаболко

Храна што треба да ја избегнувате при дијареја:

-млечни производи (јогуртот е исклучок поради корисни бактерии)
-овошје, особено цитрус
-храна богата со растителни влакна, особено онаа што го дуе стомакот (грав, грашок, никулци, брокула).

Во секој случај, кога детето е мало, дијарејата може да биде опасна, особено поради дехидратација. Доколку тоа трае неколку дена и забележите поголема поспаност и посуви пелени, како и губење на апетитот, мора да посетите педијатар.

Извор



912

X