Воспитување

Што слушаат малите деца кога им велите „не“

Постои еден вид чудна иронија дека иако трошиме толку многу време и енергија учејќи ги нашите деца да комуницираат со зборови, тие никогаш не го разбираат најмалиот и наједноставниот збор „не“. Две букви. Црно-бел концепт. Што може да тргне наопаку?

Изгледа дека зборот „не“ е секогаш отворен за толкување во главите на нашите малечки. Прочитајте што навистина слушаат децата кога ќе им кажете цврсто и кратко „НЕ“:

„Убеди ме!“

Ова НЕ важи за сите „адвокати“ меѓу малите деца. Велите „не“ и очекувате тоа да биде крајот на приказната, додека тие ги подготвуваат своите аргументи да објаснат зошто „да“ е многу посоодветен одговор.

„Кога велам не, навистина мислам…“

Ако имате мало паметно момче кое чувствува кога сте несигурни и доволно колебливи за вашето „не“, тоа знае дека сè што треба да направи е да работи напорно во следните три минути и вашето „не“ ќе се претвори во „да“.

„Оди прашај го тато… можеби ќе добиеш поинаков одговор“

Ова е специјалност на мајките што живеат по мотото „Раздели па владеј“. Мама вели „не“, а тато го игнорира прашањето и вели „да“. И тогаш почнува забавата!

„Ооо, ДА, ДА, ДА!“

Кого залажуваме? Има некои мали деца што толку ретко го слушаат зборот „не“, што едноставно не го доживуваат „не“ кога ќе се појави во реченица. Во нивниот свет сè е „да, да, да“. Среќни луѓе!

„Да се ​​враќаме на ова на секои 20 минути во следните три часа“

Ова е „не“ во очите на најупорните. Тоа е ситуација во која детето постојано ви го поставува истото прашање додека дури и најцврстиот родител не се откаже и не го промени својот одговор. Всушност, на крајот победува тој што е поупорен. Родител наспроти дете. Знаеме како ќе заврши оваа борба и нема да биде убава.

„Те молам засрами ме со јавен бес“

Ја знаете процедурата. Вие сте на јавно место. Вашето дете бара нешто лудо и упорно, вие велите „не“. Почнува епски нервен слом. Солзи. Впечатливо. Фрлање на подот. Сето тоа додека вашето итро малечко ве набљудува внимателно со едното око за да го фатите моментот во кој ќе кикснете и ќе го прифатите неговото лудо барање само за да излезете од оваа непријатна ситуација полна со осудувачки погледи од сите страни.

„Слушам дека велиш не, но ако навистина ме сакаш, ќе кажеш – да

Кога вашето малечко има слатко намуртено лице и насолзени очи, повторно сте во длабоки емотивни води, а ние ве предизвикуваме да кажете „не“ и да се држите до тој збор повеќе од три минути!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top