Погледнете во календарот на развојот што би требало да знае успешно да прави и да чувствува и на кој начин би требало да комуницира дете на возраст од три до пет години.

Крупна моторика
* маршира во ритам на музика
* оди по права линија нога пред нога со раширени раце
* се симнува по скали нога пред нога
* шутира топка при трчање
* прескокнува препрека широка 20 сантиметри

4-5 години
* трча менувајќи го правецот

Фина моторика
3-4 години
* се обидува да нацрта човек

4 години
* гради кула од десет коцки
* копира дијагонална линија
* прецртува квадрат
* копира неколку печатни букви
* ја свиткува хартијата по дијагонала

4-5 години
* само ги мие рацете и лицето

Перцептивни способности
3-4 години
* ги дели жетоните по боја или големина (четири бои или големини)
* правилно комбинира осум форми
* забележува недостатоци на цртежот и го сфаќа односот меѓу целината и делот
* сложува сложувалка од дванаесет дела
* ги препознава предметите со допир, без гледање (предмети во вреќичка)

Говорни способности

4 години
* ја вербализира содржината од познати приказни
* опишува активности прикажани на слика
* долги монолози
* реченицата е целосна, говорот разбирлив
* постојано поставува прашања
* механички брои до 4
* употребува 1.200-1.500 збора

4-5 години
* употребува 1.800-2.000 збора
* прераскажува кратки приказни
* ги разбира предлозите зад и пред
* самото раскажува приказна според слики
* препознава неколку букви од азбуката
* одговара на едноставни прашања „Што е тоа и од што е направено?“
* поставува прашања: Кога? Зошто? Како?

Социјално-емотивен развој

3-4 години

* воспоставена контрола на дефекацијата и мокрењето (потребна му е помош во тоалетот)
* први вљубувања

4 години
* кооперативна игра со врсниците
* почеток на прифаќање на едноставни правила за игра
* самоиницијативно се поздравува со возрасните
* самостојно се подготвува за спиење
* почнува емоционално поврзување
* појава на емоциите: срам, завист, надеж и гордост; први чувства за естетика.



912

X