Дали сте знаеле дека бебето во стомакот ги јаде сите оброци? Дали сте знаеле дека плацентата работи за четири органи? Дека машките бебиња може да имаат ерекција и пред раѓањето? Ова се неколку интересни факти за бебињата и трудниците што веројатно не сте ги знаеле.

1. Матката расте 14 пати повеќе од својата изворна големина

„Да, ќе расте од големина на крушка до големина на лубеница (и повторно ќе се намали)“, вели докторката Шерил Рос, гинеколог во приватна ординација во Санта Моника, Калифорнија. Утерусот содржи помеѓу четири и шест килограми течност, слуз и амнионска течност.

2. Срцето пумпа 40 до 50 отсто повеќе крв отколку пред бременоста

Исто така, чука 10 до 20 пати во минута повеќе отколку претходно. Тоа е гориво за папочната врвца и плацентата – и за подготовка за главниот настан: раѓање на детето. Сега е сосема јасно зошто трудниците толку брзо се уморуваат.

3. Бебето те слуша

До 18. недела од бременоста ушите целосно се развиваат, а бебето најверојатно го слуша вашиот глас, како и на правосмукалката и на кучето, доколку го имате. Кога му пеете на детето, тоа всушност слуша и може да ги препознае песните по раѓањето како суперсмирувачки.

4. Ако е момче, може да има ерекција

Дури и пред раѓање, малиот репродуктивен систем на детето почнува да се подготвува. Помеѓу 20. и 30. недела момчето веќе почнува да произведува сперма. Тогаш и јајчниците и матката на девојчињата се целосно формирани.

5. Плацентата работи за четири органи

Понекогаш се нарекува „дрво на животот“. Извонредно работи и му помага на бебето да го елиминира отпадот, да ги филтрира лошите работи, да се снабдува со крв и да се храни.

6. Бебето ги јаде своите оброци

Верувале или не, до 20. недела од бременоста бебето ги има развиено непцата и веќе ја преферира храната што ја јаде мајката. Некои експерти веруваат дека можете да го обликувате непцето на бебето така што ќе јадете широка палета на здрава храна во текот на бременоста. Веројатно веќе и внимавате на тоа што го јадете, но ова е дополнителна мотивација за да нарачате брокула наместо помфрит.

7. Вашите гради се полноправни произведувачи на млеко

Не, тоа не е појава само по бременоста. Хормоните поттикнуваат производство на млеко речиси веднаш откако ќе забремените, а до 20. недела првото млеко за бебето веќе е таму, вели докторката Рос. Во текот на третото тримесечје можете да забележите течење – ништо што перничињата за гради не можат да го поправат.

8. Твоето бебе врши голема нужда

Кога сте на половина пат од бременоста, бебето почнува да произведува црна, катранска супстанција која набрзо по раѓањето ќе ја исфрли во својата прва пелена.

9. Бебето може да види светло

Околу 30. недела ирисот во очите е целосно обликуван, што значи дека детето може да види, па дури и да реагира на светлина. Изненадувачки, но таму не е секогаш целосно мрачно. Ако легнете на сончева светлина, можеби ќе забележите дека бебето се движи за да ги заштити своите очи.

10. Детето го вежба својот прв плач

Фотографиите од ултразвукот покажале дека бебињата во матката прават плачливи, но и други изрази на лицето. Тоа, сепак, не значи дека бебето е тажно. Плачењето е всушност важна вештина за детето која треба да ја совлада бидејќи тоа ќе биде примарен начин на комуницирање со мајката во текот на тие први возбудливи недели.

Автор: Карина Шиждрак



912

X