Не осудувајте ги чувствата на детето

Момчињата често наоѓаат емоционален ментор во омилениот наставник или тренер, но родителите имаат единствено и силно влијание врз неговото гледање на себеси, како и на неговата подготвеност да се впушти во учењето на емоционалниот јазик и емоционалната писменост.

Родителите како пример

Родителите можат да бидат пример за емоционална поврзаност и сочувство, велат авторите на книгата „Одгледување на Каин“, д-р Ден Киндлон и д-р Мајкл Томпсон. Тие истакнуваат дека треба да се сослушаат чувствата на момчето без да бидат осудувани, да се слушнат неговите проблеми не диктирајќи ги решенијата.

– Ние мораме да се обидеме и да го прифатиме фактот дека секое момче има свој внатрешен живот. Секое момче е чувствително и пати. Тоа е застрашувачка помисла за многу возрасни лица кои свесно или несвесно не сакаат да ја прифатат момчешката емоционална ранливост. Но, кога таа е прифатена и кога тоа разбирање ќе го примениме за да го подобриме сопственото емоционално образование како родители и наставници, можеме да им помогнеме на момчињата да се соочат со сцените што ги носат во себе и внимателно да ги осветлат. Ако нашите синови ги научиме како да го почитуваат и вреднуваат својот емоционален речник и ги поттикнеме да го користат, тие ќе ги отстранат штитовите од своето срце – велат авторите на книгата „Одгледување на Каин“.

Соперништво помеѓу браќа

Библиската приказна за Каин и Авел во која љубоморниот Каин го убива својот брат опстојува до денес како парабола за соперништво помеѓу браќа. Но, таа нуди и многу повеќе од тоа.

– Во приказната за Каин го гледаме одразот на емоционалниот живот на денешните момчиња, желбата да бидат сакани и уважени, нивната склоност на понижувањето и нанесувањето срам да возвраќаат со бес и насилство, а не со размислување и договор.

Авторите на книгата велат дека веруваат во тоа дека момчињата уште од мали се системски оттргнати од својот емоционален живот, втурнати во молчење, самотија и недоверба.

Извор



912

X