Веројатно веќе знаете дека во текот на доцните месеци од бременоста треба да спиете настрана. Во овој период е невозможно да спиете на стомак, а не е добро да спиете на грб. При оваа положба матката може да изврши притисок врз крвните садови, ограничувајќи го протокот на крв во срцето и во вашето бебе. Но, дури сега е направено истражување кое следело што се случува со бебето кога жената спие на грб во текот на ноќта. Научниците од Универзитетот во Оукленд користеле инфрацрвени видеокамери за да снимаат бремени жени додека спијат, а исто така го следеле и пулсот на мајките и на бебињата. Секоја од 30. трудници што учествувале во истражувањето била помеѓу 34. и 38. недела од бременоста и секоја бременост била без компликации.

Врз основа на она што е веќе познато за ограничениот проток на крв додека спие на грб, не е чудно што фетусот е помалку активен кога мајката е во оваа положба. Изненадувачки е колку брзо превртувањето на грбот на мајката влијае врз бебето, штом мајката се смени од страна на грб, нејзиното бебе веднаш станува помалку активно. Сето ова звучи многу пострашно отколку што всушност е. Нормално е да ги менувате позициите за време на спиењето, а ако се разбудите на грб, не паничете. Треба да вежбате да спиете настрана, а можете да користите реквизити како перници.

„Потребно е само малку да се поместите настрана за да го намалите притисокот врз себе – тоа значи дека е доволно само да ставите перница под колковите и рамената од едната страна. Вака поставената перница ќе ви даде чувство како да лежите, а грбот ќе биде удобно поставен, но ќе бидете доволно навалени, па вашата матка повеќе нема да создава притисок“, објаснила гинекологот Хедер А. Смит.

Извор



912

X