Воспитување

Што се крие зад лошото однесување на децата?

Следува преглед на несоодветни модели на однесување на децата и што навистина се крие зад тоа.

Што гледате? – Што навистина се крие зад тоа

Чувствително:

-плаче за секоја ситница – на детето му недостига саморегулација
-тагува кога заминувате – детето се плаши од „нови“ работи и треба постепено да се запознава со темата
-не сака да биде само – детето има внатрешен немир кој не може да го изрази со зборови.

Луто:

-често вика и вреска – детето не може да препознае чувства
-фрла предмети и е деструктивно – не е донесена соодветна стратегија за справување
-ги преклопува рацете и се исклучува – треба да му се приближат стратегиите за смирување
-извикува „ТЕ МРАЗАМ“ и „ОДИ СИ“ – детето е загрижено за непознати чувства.

Перфекционист:

-нервозно е поради кршењето на правилата и не поднесува да не ги прави работите добро – детето се бори со негативни шеми на размислување
-никогаш не сака да го пропушти училиштето – му треба помош за совладување на мислите и постапките
-страв од давање погрешни одговори – има проблем да ги вербализира своите грижи
-се бори со конструктивна критика – детето има потреба да ги прави работите на вистински начин.

Срамежливо:

-се крие зад твоите нозе и се плаши од „нови“ луѓе – детето не може да изрази големи стравови и грижи со зборови
-се плаши од промени и не сака да оди на нови места – детето е претпазливо за сè ново и бара целосно разбирање на ситуацијата
-претпочита да игра само со познати пријатели – му треба помош при планирањето нови авантури.

Премногу возбудено:

-станува хиперактивно кога доаѓаат гости – детето не препознава што го придвижува внатре
-кажува несоодветни зборови пред другите и се шегува во несоодветни моменти – му треба помош за регулирање на прекумерната возбуда
-скока на мебел и игра грубо – нема смирувачки стратегии.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top