– Мажите се различни, мажите се силни, мажите се често (пре)тивки кога се во прашање нивните чувства – не е во нивната природа да зборуваат (и затоа секоја чест на исклучоците).
– Сепак, од својата партнерка очекуваат одредени работи без многу зборови – бидејќи мислат дека тоа е прилично очигледно…

– Хм, за среќа, жените се обдарени со интуиција, па често и погодуваат…

Овој текст е наменет за сите жени што имаат тешкотии при читањето на мислите на својот партнер. Некои од тие мисли, желби, очекувања може да изгледаат очигледни, но некои жени воопшто не ги перципираат/доживуваат или ги игнорираат. Машките тајни треба да се разоткријат, па да почнеме…

1. Сакаат почит

via GIPHY

Ова е еден од чекорите на секоја успешна врска. Сите мажи сакаат почитување од страна на својата партнерка – всушност, зарем не го сакаат и жените истото? Што значи да го почитувате? Многу е едноставно. На мажите им е потребно признание. Признание за нивниот успех, нивната позитивност и нивните напори. Дозволете им да зборуваат за себе, за тоа колку се успешни во животот. Мажите ја сакаат поддршката што ја добиваат од луѓето, заради прифаќањето и чувството на љубов без разлика на тоа која одлука ќе ја донесат – тие знаат дека секогаш ќе има некој што ќе биде горд на нив. Тоа значи дека мажот навистина сака да го почитуваш за тоа што е. Не е тоа толку тешко. Нека се насмевне.

2. Чисто восхитување

Восхитувањето и почитта навистина одат заедно. Твојот маж од тебе не сака ништо повеќе од восхит поради она што го прави за двајцата. Поентата е во вистинското восхитување – бидејќи не можеш да лажеш. Момчињата многу лесно може да почувствуваат лажна восхит. Само бидете искрени, восхитувајте се на она што го прави, за сета тешка работа и сиот труд што го вложува за двајцата и ќе биде задоволен повеќе од кога и да е. Верувајте ми.

3. Твоето друштво

Дружењето е клучно, а повеќето мажи очекуваат да бидеш таму и не мислат дека треба за тоа да те прашаат. Кога имаат нешто важно, како патување заради работата или некој голем настан, секогаш ги сакаат партнерките покрај себе, но тоа мора да се случи природно, па никогаш за тоа да не треба да ве молат. Природното дружење е многу важно. Па дами, дајте му го друштвото што го сака од вас и ќе го добиете истото или уште повеќе за возврат.

4. Поттикнување

Сите мажи сакаат и посакуваат охрабрување. Се вели дека зад секој успешен маж стои успешна жена – и тоа е вистина. Верувајте му на својот маж, охрабрувајте го и поддржувајте го во сѐ – и ќе ви биде благодарен.

5. Вистинска благодарност

Мажите обожаваат благодарност, но кога доаѓа од срцето. Сѐ што треба да направиш е да му се заблагодариш или насмевнеш кога ќе направи нешто за тебе, кога ќе вложи дополнителен напор за ти да бидеш насмеана. Уважувањето во ситници е нешто што можеш да го направиш за да го усреќиш, односно за да биде среќен поради своите постапки. Кога луѓето се потценуваат, полека престануваат да се трудат бидејќи се чувствуваат празно. Немојте да дозволите тоа да се случи и ценете го сето она што тој ќе го направи за вас. Ќе забележите дека ќе прави уште повеќе кога ќе види дека неговиот труд е ценет.

6. Неговото „машко дружење“

via GIPHY

Момците не бараат личен простор бидејќи тоа не е нешто необично или шокантно. Додека вашиот маж се дружи со своите пријатели, треба да биде јасно дека тогаш не сака ништо помалку или повеќе. Тој вид независност исто така создава сосема ново ниво на доверба кое не се развива така лесно, туку му вели дека неговата девојка/сопруга му верува – без сомневања. Дајте му го неговото „време со другарите“. Ќе биде среќен кога ќе дојде дома и среќен што на другарите може да им се пофали дека ти никогаш не му приговараш кога сака да излезе со пријателите, а не како оние примери кога жената 10 пати го бара на телефон мажот додека е излезен.

7. Твојата бескрајна поддршка

Несебичната поддршка е особено важна за човековата самопочит и самодоверба. Едноставно покажете му вистинска и бескрајна поддршка – и вечно ќе ве сака поради тоа.

8. Признание

Мажите главно играат различни улоги во животот и многу е важно да им дадете признание за сето она што го прават и се обидуваат да го направат. Тие се синови, браќа, сопрузи, татковци, толку различни улоги… Дајте му признание на својот маж ако сакате и тој да го направи истото за вас.

9. Желба

Мажите сакаат кога некој копнее по нив исто како што тоа го сакаат и жените – а можеби и повеќе, но тоа нема никогаш да ви го кажат. Флертувајте со него одвреме-навреме – врската без романтика е мртва врска. Дајте му до знаење колку е згоден, кажете му дека го обожавате, кажете му колку го сакате. На мажите во истиот тој момент им се зголемува самодовербата, кога ќе дознаат колку ги посакува жената што ја сакаат.

Автор: Соња Симон



912

X