Има два вида луѓе во светот – оние што ги купуваат божиќните подароци за време на попустите и оние што оставаат сè за последната минута. Ако спаѓате во втората категорија, тогаш барањето децата да напишат брза листа со желби е секогаш добра појдовна точка.

За жал, една мајка добила малку повеќе од она за што се пазарела – нејзината 11-годишна ќерка ѝ презентирала епска листа со божиќни подароци што ги посакувала. Мајката ја споделила листата со светот и напишала: „Листата на мојата 11-годишна ќерка вклучува големи суми и клучот до нејзините вкусови и желби“.

Девојчето ги поделило подароците во 3 категории – „работи без кои ќе умре“, „работи со кои ќе биде во ред“ и „работи кои навистина ги сака, но ќе преживее и без нив“. Во најважната категорија девојчето напишало дека има потреба од нови фармерки, ѓердан, картичка за подароци, билети за „Волт Дизни“ светот во Флорида и најважно – „ајфон“.

Во работите без кои може да преживее, девојчето побарало балсам за усни, налепници, прстени и стегачи за коса.

Во последната категорија додала патики од брендот „ванс“, како и предмети од „Дизни“ и синџирче за приврзоци.

Минатата година стана вирална и божиќната листа на 10-годишно девојче кое барало „ајфон 11“, чанта „шанел“, како и 3 илјади фунти во кеш.

Автор: Лидија Хокен

Извор



912

X