Во потрага по препораки како да ги усовршам своите родителски вештини, наидов на еден текст во кој пишува како децата реагираат на нас и на нашето однесување кон нив. Меѓу другото, текстот содржи и листа со совети „од прва рака“ кои секој родител би требало да ги прочита, а и да ги примени. Листата е замислена како обраќање на петгодишно дете кон својот родител.

1. Немој да ме разгалиш, знам дека не си задолжен да ми ја исполниш секоја желба.
2. Не плаши се отворено да разговараш со мене.
3. Не дозволувај да стекнам лоши навики – одвикнувањето од нив ќе ми биде уште потешко.
4. Не прави да се чувствувам како моето мислење да не е важно, во тие моменти нема да се однесувам убаво. Тоа би требало да го знаеш.
5. Не поправај ме во присуство на други луѓе. Многу подобро ги усвојувам податоците кога нешто ќе ми кажеш очи в очи.

6. Не прави моите грешки да ги доживувам како страшни прекршоци.
7. Не штити ме цело време од последиците на моите постапки. Треба да научам дека за секоја акција постои реакција.
8. Не обрнувај внимание на моите шеги. Некогаш едноставно сакам да зборувам со тебе.
9. Не навредувај се кога ќе кажам дека те мразам. Не те мразам, туку се бунам против твојата власт.
10. Не повторувај сѐ по 100 пати, инаку ќе се правам дека не слушам.

11. Немој да ми даваш нереални ветувања. Ќе ми биде тешко ако не ги исполниш.
12. Не заборавај дека јас уште не можам целосно да објаснам што чувствувам.
13. Не барај ја од мене вистината кога се лутиш, од страв може да те излажам.
14. Немој да бидеш непостојан, тоа ме расипува.
15. Не оставај ги моите прашања без одговор. Јас сеедно ќе ги побарам одговорите, макар и на друго место.

16. Не зборувај дека моите стравови не се важни. За мене се многу важни, не се мали и стануваат уште поголеми кога ти не го сфаќаш тоа.
17. Не преправај се дека си совршена личност која не прави грешки. Многу ќе ми биде тешко кога ќе сфатам дека не е така.
18. Немој да мислиш дека не е достоинствено да ми се извиниш. На тој начин ме учиш и јас така да се однесувам.
19. Не заборавај дека јас брзо растам. Ќе мора често да се приспособуваш.
20. Немој да ми забрануваш да експериментирам. Без тоа не можам да се развивам.
21. И како последно, запомни дека јас не можам да пораснам во среќен човек ако дома не ме сакаат многу, многу. Но, ти веќе го знаеш тоа.

Кога ги слушам возрасните додека зборуваат за односот со своите родители, уште подобро ја сфаќам суштината и важноста на овие принципи. Дали се согласувате?

Извор



912

X