Децата на модерните родители сè повеќе јадат егзотична храна уште од најмала возраст, покажало истражување спроведено на 1.500 родители.
Едно од седум бебиња го сака хумусот, а едно од дваесет бебиња ја сака киноата. Другите бебиња уживаат во кускусот, а некои уште сакаат да јадат лимон.
Испитуваните родители откриле дека најнеомилено јадење на нивните деца е прокељот.
73 проценти од родителите признале дека се збунети и не се сигурни кои намирници да им ги даваат на своите бебиња во првите месеци од дохраната, додека 67 проценти од родителите добиле сосема различни совети за тоа од кога треба да се почне со воведување цврста храна.

– Бебињата на милениумците сакаат необични јадења и возбудливи вкусови. Денес егзотичната храна е достапна, па првата бебешка храна полека се менува – вели Дејвид Лавор, кој го нарачал ова истражување.
Просечниот период во кој испитаниците почнале да воведуваат цврста храна кај бебињата е на возраст од шест месеци. Додека 55 проценти од родителите готвеле посебни оброци за своите бебиња, 30 проценти им нуделе оброк кој сами го направиле, а 15 проценти од нив им давале купечка кашичка.
Хранењето на бебињата често завршува со неред. Третина од родителите (33 проценти) остатоци од бебешка храна пронашле на кујнскиот ѕид, 20 проценти пронашле на облеката и 12 проценти во ходникот.
Според истражувањето, најомилена храна на децата е: јогурт, банани, тестенини, зеленчук подготвен на пареа, јаболка, манго, тиква, батат, домати, путер од кикиритки, авокадо, лосос, хумус, кускус и леќа.
Повеќето не сакале да јадат: прокељ, лимон, печурки, јајца, брокула, риба и месо.



912

X