Воспитувањето на децата е многу важен процес од кој зависи иднината на детето. Еврејските родители, кои ги ставаат своите деца пред сè друго, имаат развиено неколку правила за воспитување кои вреди да се земат предвид.

Не создавајте им комплекси на децата

Еврејската мајка никогаш нема да каже: „Ти си лош“. Наместо тоа, таа ќе рече: „Како може добро момче како тебе да направи таква глупост?“

Еврејските родители можеби ги гледаат недостатоците на нивните деца, но другите никогаш нема да ги дознаат. Така не им создаваат комплекси на своите деца.

Дајте им на децата разумна слобода

Современото еврејско родителство ја комбинира слободата на детето со почитувањето јасни граници. Доколку не се почитуваат правилата, односно ако детето ги надмине границите на дозволеното, ќе биде казнето поради тоа.

Пофалете ги децата

Еврејските мајки се восхитуваат и на најмалите успеси на своите деца, па сметаат дека е важно да го фалат детето. Ако достигнувањата на детето се посериозни, од суштинско значење е долготрајниот аплауз и пофалбите од целото семејство.

Развивајте висок степен на одговорност за сопственото однесување

Евреите веруваат дека дури и незначителен збор или ситна грешка направена од родител пред детето може да има непоправливи последици. Затоа еврејските родители се обидуваат да се однесуваат правилно и да ги насочат своите деца со сопствен пример кон одговорно однесување.

Љубовта и почитта во семејството се клучот за ментално здраво дете

Еврејската традиција налага децата уште од мали да се учат дека вниманието на мајката кон таткото е на прво место, но и обратно. Ако детето научи дека неговите родители се почитуваат меѓу себе, и тоа ќе се чувствува заштитено и сакано.

Научете да бидете родители

Ако мајчинството и татковството првично се гледаат како товар или ограничување, тогаш е тешко да се воспита добро дете. Евреите имаат развиен систем на курсеви за успешно родителство, кои во Израел можат да се посетуваат дури и пред раѓањето на детето.

Научете ги децата како да управуваат со времето

Еврејските деца не знаат што е мрза и досада. Од мали се зафатени со активности и се навикнати на фактот дека постојаното занимавање со нешто е нормално.

Извор



912

X