Спомените се многу важен дел од животот, па дури и не мора да бидат големи работи – понекогаш е доволно само да се биде таму и да се понуди топол збор и љубов. Еве што најмногу ги паметат децата од детството кога се во прашање нивните родители:

Кога сте им биле поддршка

Важно е да знаат дека сте тука за нив, дека сте нивниот ветер зад грб, дека ги слушате и насочувате во насока што е во нивен најдобар интерес. Поддржете ги, пофалете ги, прегрнете ги, охрабрете ги и на тој начин помогнете им да изградат самодоверба и да веруваат во себе.

Кога сте им биле рамо за плачење

Први симпатии, разочарувања, кавги и слично, тоа секогаш ќе го има, но бидете нивно рамо за плачење и утеха, бидете нивното „сѐ ќе биде добро“ зашто децата не забораваат на тоа.

Кога сте ги насмеале до солзи

Искористете ја секоја можност да се смеете со децата, убавите моменти се врежани во меморијата „како од шега“, исто како и лошите. Ајде, нека има повеќе радост во вашите мисли.

Како се однесувавте со нивниот татко/мајка

Почитувањето е важна лекција која треба да се совлада уште од мали нозе, а најдобро се учи преку примери од дома. Почитувајте ја, ценете ја и сакајте ја личноста со која сте основале семејство. Организирајте изненадувања, грижете се еден за друг бидејќи ова е добар модел на однесување што би било добро да го усвојат вашите малечки.

Како се однесувате кон другите

Тоа значи: пошироко семејство, пријатели, познајници, минувачи, но и животни. Начинот на кој реагирате и се однесувате со споменатите групи веројатно и вашето дете ќе го присвои. Сето тоа е дел од воспитувањето кое потекнува од дома, затоа погрижете се вашите деца да го земат најдоброто од вас.

Уживајте во нивното воспитување и растење бидејќи нема да бидат вечно мали, но ќе бидат ваши засекогаш и нека ве паметат по убави работи. Да се ​​биде родител е прекрасно.

Извор



912

X