Во воспитувањето на децата мајките се целосно вклучени во процесот и не секогаш успеваат слободното време да си го посветат на себе. Валерија Михајлова, тренер, споделила три едноставни совети за тоа што е она што мајките не им го должат на своите деца.
Вие не сте забавувач
Го забавувате детето од утро до вечер. Немојте да мислите дека на вашето дете му е досадно да си игра само. Додека тоа е зафатено со играње и не разговара со вас, бидете сигурни дека не му е досадно.
Исто така, не треба да ги учите вашите деца дека треба постојано да играте заедно – тие треба да знаат да бидат сами и сами да најдат што да прават и да измислуваат игри.
Мајката не е помалку важна
Едноставен пример: ви останало последното парче торта, не брзајте да им го дадете на децата, туку поделете го на сите. На овој начин ќе им дадете пример на вашите деца дека и мајката има свои желби и дека тие треба да се земат предвид. Како детето да научи да споделува и да ги разбира другите ако вие не зборувате за она што го сакате?
Не треба да го правите за децата она што тие самите можат да го направат
Ако, на пример, вашето дете може само да си ја закопча кошулата, бидете трпеливи и дозволете му да го направи тоа. Друг пример е ако вашето дете случајно го истури чајот/водата/сокот. Нема потреба да брзате – дајте му шанса да оди да земе крпа и да се исчисти.
На овој начин ги учиме децата да бидат независни и истовремено да се грижат за себе.
Можеби совеста ве гризела кога сте си дозволиле да читате списание наместо да си играте со вашето дете, или кога сте го јаделе последното парче колаче без да му кажете на вашето малечко дете. Овие совети ќе ви помогнат полесно да се справите со таквите работи.
Автор: Јасна Дреновац
912