Здравје

Што не треба да јадат алергичните на амброзија?

Во текот на периодот на интензивно цветање на амброзијата, оние на кои тоа им создава проблеми со дишењето, кивање, чешање на очите и слично, не би требало да си го отежнуваат животот консумирајќи намирници што ги засилуваат овие непријатни симптоми.

Амброзијата е едногодишна билка која може да порасне до висина од 150 сантиметри. Со оглед на тоа дека расте многу брзо и е во состојба, како најлошиот плевел кој покрива сѐ пред себе, брзо да прекрие огромни површини, изразено е опасна за оние што патат од алергија и живеат во нејзина близина. Само едно стебло може да предизвика повеќе милиони зрна полен и повеќе десетици илјади семки.

Спаѓа во многу инвазивни билки, цвета од јули до септември, а врвот на цветањето е обично во август. Со оглед на тоа дека е тешко докрај да се искорени, на лицата што се алергични им се даваат совети како да ги ублажат симптомите, но понекогаш и самите забораваат на намирниците што може да предизвикаат алергии.

Намирниците кои инаку нормално ги консумирате – диња, лубеница, краставици, тиквички, сончоглед, киви, банана и камилица – во текот на цветањето на амброзијата може да предизвикаат иста алергиска реакција.

Следете ги реакциите на вашето тело откако ќе изедете некоја од тие намирници и ако состојбата се влоши, избегнувајте ги.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top