Празниците се прекрасен период во кој уживаат и децата и возрасните. Сепак, некогаш не сме свесни дека им создаваме притисок на децата, особено во овој период.
Мајката и педијатар д-р Мона објавила што не треба да им правиме на децата во текот на празниците.
Форсирање да јадат
Празниците не може да поминат без храна. Обично бабите се тие што готват превкусна храна и им ги преполнуваат чиниите на децата. Се разбира дека сакаме детето да ги проба сите тие вкусови и треба да ги јаде, но не треба да му ставаме премногу храна во чинијата, што многу често се случува. Уште една грешка е ако во текот на празниците се јаде повеќе пати дневно. Немојте да му вршите притисок на детето за да јаде. Најдобро е да јаде во вообичаено време кога има оброци. Доколку бабите и дедовците инсистираат, објаснете им дека тоа не е добро за здравјето на детето и истата храна да му ја понудат кога навистина е време за јадење.
Не терајте го детето да ги прегрнува сите
Некои деца едноставно не сакаат да се прегрнуваат, не им одговара тој вид контакт, особено со непознати луѓе. Празниците се период на љубов, зближување со семејството, прегратки. Сепак, немојте да ги терате децата да ги прегрнуваат и бакнуваат луѓето ако не сакаат. Оставете ги да имаат контрола над своето тело. Наместо да му кажете: „Прегрни ја баба“, подобро кажете му: „Дали сакаш баба да те прегрне“, или дајте ја опцијата: Дали би сакал прегратка со дедо или да направите „да пукне“? Немојте детето да се чувствува виновно што не прегрнало некого ако не сака.
Многу родители биле воодушевени од објавата на мајката, а во коментарите пишувало: „Апсолутно точно“, „Ова баш ми се допаѓа“, „Многу е трауматично кога го терате детето да јаде“ итн.