Кога нивните девојки ќе ги споделат неочекуваните вести, многу млади мажи бегаат колку што можат подалеку. Кога мојата девојка ги сподели големите вести со мене, бегањето воопшто не ми падна на ум. Наместо тоа, веднаш се насмеав бидејќи дознав дека ќе бидам татко. Всушност, кога девојка ми ми кажа дека е бремена, ја погледнав и знаев дека сакам да го поминам животот со неа.

Не можат многу луѓе да го кажат тоа за својот партнер, но нашата врска дотогаш изгледаше како прошетка во парк. Па, кога девојката ми кажа за бременоста, не се чувствував нервозен или загрижен. Како 23-годишен студент, бев претежно наивен за сите одговорности што произлегуваат од одгледувањето дете. За сите 9 месеци од бременоста на мојата девојка сè се врати на начинот на кој беше пред да ги слушнам вестите.

Кога носите дете на свет, потребни ви се пријателите и семејството да ве поддржуваат

Одев на часови, продолжив со учество во клубови и главата ми беше во книги. Сепак, се осигурив да бидам тука за мојата девојка низ целиот процес. Не мислам дека сосема ја сфатив дефиницијата за зборот „жртвување“ сè додека не почнавме да се подготвуваме за раѓањето на детето. Сфатив дека ќе треба да се откажам од некои работи, како живеење во студентски дом и дружење со пријателите во различни клубови во кои учествував.

Но, знаев дека сакам да бидам најдобриот можен татко за моето дете и дека ништо нема да ме спречи во тоа. Како што се приближуваше терминот за породување, исто така, научив колку малку моите пријатели и семејството го разбираа мојот избор. Кога носите дете на свет, потребни ви се пријателите и семејството да ве поддржуваат. Но, јас се чувствував поосамен од кога било. Всушност, седев до 3 часот по полноќ, речиси секоја ноќ, прашувајќи се зошто луѓето не сакаат да ја поддржат мојата одлука.

Со текот на времето сфатив дека не го споделува секој мојот „мајндсет“ и јас прекинав многу односи поради различните перспективи. Дипломирав на 11 мај, а мојата ќерка пристигна на 16 мај во 1 часот и 20 минути по полноќ – по само 5 дена откако ја добив дипломата. Целата прва недела од нејзиниот живот изгледаше како да трае со години. Не знаев дека следува исцрпеност за цел живот.

Нема да ве лажам: да се биде татко е постојана задача без пауза.

Работам сосема различна професија од онаа што прво ја планирав и работам нонстоп од 4 часот наутро, па сè до полноќ. И не го следам стереотипот дека татковците само одат на работа и носат храна за на маса – јас сум активно вклучен во животот на мојата ќерка. Не ги планирате ваквите моменти. Наместо тоа, само учите додека течат работите.

Учењето да прифатам сè што доаѓа со родителството изгледаше тешко, но не ми беше гајле. Зошто? Бидејќи сакав да ѝ го овозможам на ќерка ми најдобриот можен живот. Таа е целиот мој свет и тоа е она што е најважно.

Извор



912

X