Како правилно да се комбинира храната на чинија и зошто овие намирници го заслужуваат предзнакот – супер?

Дури и 25-отстотната редукција на внесувањето протеини, какво што, на пример, забележуваме во рибата, јаткастите плодови и зелениот листест зеленчук, може прилично да го загрози имунолошкиот систем, покажуваат истражувањата. Шеќерите, по кои повеќето од нас со задоволство посегнуваат во криза или само од чисто задоволство, го спречуваат влегувањето на витаминот Ц во клетките на имунолошкиот систем, а добро е познато колку тој витамин е важен во борбата против инфекциите. Шеќерите, исто така, му го одземаат на телото калциумот и витамините од Б-комплекс, а се сметаат за најголеми виновници што децата често заболуваат од настинки, главоболки, воспаление на грлото…

Но, освен што ја спречува апсорпцијата на потребните хранливи материи, најлоша страна на лошата исхрана е тоа што го закиселува човечкиот организам. Нашето тело, за да може да функционира и да биде здраво, треба да биде благо алкално, а храната, она што го јадеме, во голема мера го одредува тој статус. Киселоста на организмот всушност е главниот виновник за сите болести на денешницата – со храната што ја јадеме го труеме организмот. За тоа уште во 30-тите години на 20 век зборувал американскиот лекар Вилијам Хауард Хеј, тврдејќи дека е многу важно правилно да се комбинираат намирниците, односно алкалните и киселите намирници никако не би требало да се внесуваат заедно.

Алкалните, односно оние што се пожелни, се првенствено зелениот зеленчук во форма на листови, но и други како целер, морков, тиквичка, кисела зелка, цитрусно овошје, печурки, маслиново масло, просо… Листата со кисели намирници исто така е долга, на пример, во киселите намирници спаѓаат и некои што се многу пожелни на нашето мени, само во вистински комбинации и количини – брусница, индиски орев, грав, хељда, сирење… Нашата прехрана, всушност, би требало да содржи околу 75 отсто алкални и 25 отсто кисели намирници, што значи дека за рамнотежа ни се потребни и кисели намирници. Но не сите, па затоа би требало да избегнуваме процесирана храна, квасец, пржена храна, газирани пијалаци, пченица.

Повеќето родители знаат дека овошјето е поздрав избор од слатки или дека децата би требало да јадат повеќе зеленчук. Но, веројатно не знаат дека портокалот може да биде благотворен кај децата заболени од астма, дека боровницата го поттикнува помнењето, а морковот ја победува инфекцијата. Џулиет Келоу, авторката на книгата „Чудотворна храна за деца“, издвоила 25 супернамирници што би требало често да се консумираат:

– морков, брокула, грашок, пиперка, домат, сладок компир, пченка, авокадо, лубеница, боровинки, портокал, јагоди, кајсии, киви, млеко, јогурт, јајца, јунешко и пилешко месо, бакалар, лосос, грав, семки од сончоглед, овес и кафеав ориз.



912

X