Воспитување

Што му е потребно на синот од таткото

Постојат неколку работи што му требаат на синот од таткото додека расте. Иако децата сакаат да добиваат материјални работи од родителите, понекогаш има некои работи што им се попотребни од играчки. Според експертите, односот помеѓу таткото и синот може да биде комплексен. Сепак, тоа не значи дека треба да остане таков. Кандидатот за докторат по психологија Даниел Флинт од државниот универзитет „Боулинг Грин“ во САД објаснува кои 5 работи му се потребни на синот од таткото.

Време

Можеби звучи како клише, но секој однос, па и оној помеѓу таткото и синот, напредува со текот на времето. Сепак, таткото треба да препознае дека мора да најде време на синот. Според неодамнешна студија, децата што често поминуваат време со своите татковци не покажуваат агресија, анксиозност или симптоми на депресија. Некои големи активности што може да ја зајакнат врската помеѓу таткото и синот се шопинг, готвење, играње игри, спортување, па дури и гледање телевизија.

Добар пример

Според студијата која набљудувала илјадници татковци и синови, мажите што имале татковци кои го кршеле законот имаат поголема веројатност дека ќе го прават истото. Од друга страна, само 4 проценти од мажите што имале татковци што го почитуваат законот биле осудени поради деликвенција.

Разговор

Често се смета дека татковците се оние што треба да зборуваат со синовите за сексуалните односи. Истражувачите веруваат ова помага да се воспостави добар однос меѓу таткото и синот. Таквиот разговор треба да биде отворен за синот да се чувствува безбеден.

Внимание

Повеќе од материјалните работи, таткото треба да обезбеди за синот топлина, внимание и нежност – работи кои може да направат разлика. Според студија, децата чии татковци покажале внимание имале поголеми резултати на стандардизираните тестови за когнитивни способности.

Комуникација и вклучување

Дури и за татковците што се разделени од мајките на децата вклученоста е клуч за нивните деца да имаат подобра перцепција за своите родители. Исто така, истражувањата покажуваат дека кога синовите го забележуваат вклучувањето на своите татковци, има поголема шанса да избегнуваат насилство во иднина.

Автор: Фатима Виреј

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top