Мајките и татковците не уживаат кога децата треба да примаат вакцини, но кога ќе размислите што спречуваат сите тие вакцини, едно боцкање и малку плачење е мала цена.

Многу родители, особено кога станува збор за бебињата, се грижат за несаканите ефекти што можат да се појават по вакцинацијата, но она што треба да го знаете е дека овие ефекти обично се многу благи и брзо поминуваат. Еве ги вообичаените несакани ефекти кои можат да се појават по вакцинацијата:

-Треска (температура над 38,5 степени)
-Црвенило, оток и болка на местото на инјектирање
-Поспаност или немир на бебето
-Мала испакнатина на местото на инјектирање (може да трае со недели или месеци).

Имајте на ум дека сите овие несакани ефекти, освен испакнатината, обично исчезнуваат за ден или два. Се разбира, испакнатината на местото на убодот не е причина за грижа и обично не бара никаков третман, но доколку сте загрижени, дефинитивно е подобро да побарате лекарска помош.

Ублажување на несаканите ефекти

Постојат неколку чекори што можете да ги преземете за да помогнете во ублажувањето на можните несакани ефекти од вакцинацијата:

-Проверете дали вашето дете внесува доволно течности
-Не облекувајте го премногу вашето дете ако му е жешко
-Нанесете ладна облога на местото на убодот за да ги ублажите болката и непријатноста.

Иако не е препорачливо да се користи парацетамол по вакцинацијата ако нема потреба од него, дајте му го на детето ако се појави температура или ако детето чувствува болка на местото на инјектирање.

Ако вашето дете има неочекувана, постојана или сериозна реакција за која сте загрижени по вакцинацијата, разговарајте со вашиот лекар за тоа.

Ретки несакани ефекти

Ги наведовме најчестите несакани ефекти кои се јавуваат по вакцинацијата, а има и такви кои се посериозни, но за среќа се јавуваат многу ретко:

Анафилакса – тоа е непосредна алергиска реакција која е доста сериозна, но може целосно да се контролира со брза реакција на лекарот.

Фебрилни напади – ова се напади што обично траат минута или две, изгледаат страшно, но не оставаат долгорочни лоши ефекти. Тоа се случува поради нагло зголемување на температурата на детето.

Така, кога сè е кажано и направено, вакцинацијата е донекаде непријатна, но не и опасна, напротив – помага да се спречи појавата на болести или компликации, а несаканите ефекти кои обично се јавуваат навистина не се страшни и се краткорочни.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X