Интересна видеокомпилација од неколку видеа на кои децата искрено кажуваат што мислат за бракот.

– Ќе се ожениш еден ден? – таткото го прашува синот.
– Не! – вели момчето.
– Зошто не?
– Затоа што сум момче!
– Да, но и момчињата стапуваат во брак! – му објаснува неговиот татко.
– Не! – уверено е момчето.
– Знаеш со кого ќе стапиш во брак? – вели татко му, а момчето веднаш го прекинува: – Не! Не!
– Ќе се ожениш со Софи – вели таткото, на што момчето веднаш вели: – Да!

Друго видео покажува девојче кое усрамено раскажува една случка во паркот:

– Се заљубив во едно момче од паркот. Ќе се омажам за него кога ќе пораснам. И му кажав каде живеам.

– Му кажа? Му кажа дека живееш преку улица? Зошто? – ја прашува татко ѝ.

– Затоа што сакам да си играме кај нас дома – вели таа.

– За да дознаеме кој е? – ја прашува татко ѝ, на што таа налутено вели: – За јас да си играм со него!

На третото видео едно момче е убедено дека неговата мајка му е жена.

– Таа е моја жена – се слуша гласот на таткото.

– Не, таа е моја жена! – луто вели детето.

– Уморен си – му вели таткото.

Друго момче, пак, сака да се ожени со својата баба.

– Зошто си тажен? – го прашува неговата мајка.

– Затоа што сакам да се оженам со баба.

– Но, не можеш душо – му вели мајка му. Таа ти е баба.

– Ама ја сакам баба!

На друго видео две дечиња разговараат за брак.

– Ти треба да ме прашаш мене – вели девојчето.

– Сигурно – вели момчето.

– Не, ти треба да ме прашаш дали сакам да се омажам за тебе. Прашај ме – упорно е девојчето.

– Можеш да се омажиш за мене – упорно е момчето.

На крајот, едно момче дава урнебесна дефиниција за брак.

– Погледни ме и кажи ми што мислиш дека е бракот – прашува една мајка.

– Тоа е кога сакаш некого и прдиш – вели момчето.

Извор



912

X