Уште пред да знаеме како ќе ги воспитуваме нашите деца, пред да одлучиме (свесно или несвесно) за стилот на воспитување што сакаме да го усвоиме, пред воопшто да станеме родители – пред сè, веќе знаеме што нема да правиме како нашите родителите. Тоа е она што нѐ одржува – да не ги повторуваме нивните грешки. Меѓутоа, во реалноста не е баш така…

Родителството многу се менува со секоја генерација, така што некои практики кои важеле за нашите родители не можат да поминат денес. Некои ни се незамисливи, некои ни се далечни, од некои едноставно се плашиме – а некои сфаќаме дека биле добри без разлика колку сме се бореле против нив.

И како тоа изгледа од перспектива на денешните баби и дедовци?

Еве неколку нивни размислувања:

-Моите деца се толку посветени на своите деца, што тоа е прекрасно! Тие користат нежни техники на родителство, дури и со предизвикувачките карактери на нашите внуци, им обезбедуваат здрави издувни канали и се обидуваат да ги негуваат и нивните пријателства. Тие се сто пати подобри од мене. Но, јас тоа морав да го правам со пет деца. Би го избрала родителството на моето дете наместо моето, секојпат! – Ен В.

-Мразам што ќе го кажам ова, но генерално гледано, сум видел многу малку примери на вистинско родителство! Возрасните се премногу зафатени со своите уреди за да бидат родители, па тие само им даваат уреди на своите деца за да имаат што да прават. Во мојата генерација, многу родители го правеа истото со телевизори кои беа прилично нови тогаш. Да не почнам да зборувам за тоа како сега родителите ги оставаат децата да дивеат во ресторани и во авиони! – Сани П.

-Луѓето што избираат нежно родителство треба навистина да се едуцираат за тоа како функционира, ако се обидуваат да постигнат одредени цели согласно таквиот вид родителство. Луѓето често го мешаат ова со попустливо родителство – Марни Х.

-Дефинитивно ми се допаѓа тоа што ќерка ми е вредна, нежна и прекрасна мајка, а мојот зет е неверојатен татко кој успешно носи половина од товарот. Сите внуци би биле среќни кога би имале вакви родители. Но, не ми се допаѓа „тажниот беж“ тренд на родителство (облекување на децата во неутрални нијанси, кои не алудираат на „машка“ или „женска“ гардероба) – Анџела А.

-Навистина посакувам „Амазон“ да постоеше тогаш. Самата испорака на пелени би ме направила благодарна – Сузан С.

-Навистина ми се допаѓаат повеќето трендови и се надевам дека ќе живеам доволно долго за да видам како овие малечки ќе поминат во зрелоста. Забележувам дека повеќето деца денес не се доволно емотивно регулирани за да знаат како да се однесуваат во ресторани – и тоа е единственото нешто што не го разбирам – Реам Ј.

-Трчањето без цел ги направи децата вознемирени. Мислам дека генерално треба да заборавиме на престижната гимнастика, приватните тренери, наставниците, подготвителните курсеви за факултет уште во адолесценција. Дозволете им на децата да уживаат во својата младост и да престанат да се фокусираат на нивната „иднина“ од моментот кога ќе ја напуштат матката – Дон J.

-Тие поминуваат премногу време на проклетиот телефон! – Сузан Ф.

-Премногу родители денес им се пријатели на своите деца, така што никој нема контрола! – Мерилин Ц.

-Почитта и манирите се многу важни за мене. Речиси никој повеќе не вели „благодарам“. Исто така, многу е грубо да не се одговара на пораки. Друга лоша навика е вообичаеното доцнење. Запомнете, децата учат од она што го доживуваат. Квалитетното време поминато со децата е исто така исклучително важно. Квалитетното време е време поминато надвор, а не внатре играјќи видеоигри – Карен Ц.

-Моите деца се одлични, нивните деца си играат како што треба. Тие се надвор, играат во кал, возат велосипеди, учат. Внатре си играат со играчки, решаваат загатки и читаат, а нема технологија, освен малку ТВ.“ – Марија Л.

-Моите деца се многу подобри родители од мене. Тие прават неверојатна работа – Алан А.

-Мојата ќерка и зет имаат двајца тинејџери. Нивното родителство до сега заслужува 5+. – Роуз А.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X