Истражувањата покажаа дека постојат осум важни доживувања што децата не ги забораваат и кои се исклучително важни за нив.

Одење во градинка или на училиште

Ова е убедливо најчестото сеѓавање. Искуствата се различни – децата од градинка обично се сеќаваат дека плачеле откако им биле предадени на воспитувачките „на милост и немилост“, а од првото одделение во основното училиште тие обично имаат убави спомени: избор на облека, ставање книги во ранецот, разговор со мама и тато држење за рака и првите училишни денови.

Раскажувањето на настани, како и раскажувањето приказни служат да им дадат на децата искуства.

Средината во која живеат

Децата навистина зборуваат едни со други за домот во кој живеат, за домашните миленици, училниците, парковите – сè што ги опкружува во секојдневниот живот. Заедно со природните катастрофи, снегот, невремето, како и првиот град што го доживеале, децата имаат силни, не секогаш пријатни емоции што ги паметат долго.

Скокање, пливање, качување

Децата се целосно фокусирани на сè што прават по своја слободна волја, затоа активната игра има важно место во долгорочните спомени. Честопати, тие спомени се најживописни кога станува збор за спортот – натпревари, тренинзи, успеси и неуспеси. Психолозите велат дека овие спомени се поврзани со заедништвото.

Успех

Сеќавањата за раните успеси на децата долго време остануваат во меморијата како ситуации во кои тие покажаа дека се подобри од просекот во нешто. Затоа, треба да му овозможите на секое дете да се чувствува како победник, односно да му помогнете да го открие она во коешто е добар, дури и ако тоа е редење коцки.

Луѓе што ги сакaaт и луѓето кои не ги сакаат

За време на истражувањето, од децата било побарано да ги нацртаат бабите и дедовците, соседите и познаниците, сите оние дотогаш им биле наклонети. Истите луѓе биле споменети четири години подоцна.

Бебиња и мали деца

Скоро секое дете сака да ги зачува сеќавањата на мали деца и бебиња (деца на соседи, роднини, пријатели на нивните родители, како и помлади браќа и сестри). Тие се сеќаваат дека јаделе заедно, колку брзо растеле бебињата, а потоа јасно ги паметат моментите кога тие деца почнале да зборуваат или да одат.

Места

Многу деца, исто така, се сеќаваат на местата каде што биле, дури и многу детали: како изгледале хотелските соби и кревети, каде луѓето биле љубезни и насмеани, и каде им било непријатно, како изгледале плажите, каде купиле брод…

Припадност на заедницата

Неочекувано, децата многу зборуваат за припадност кон заедница, поточно за тоа како градат односи и стануваат дел од таа заедница. Тие разговараат за градинка, соседи, патувања.

Извор



912

X