Здравје

Што кога оса или пчела ќе го касне детето?

Пчелите ретко се наоѓаат надвор од кошницата, така што осата (која ја има речиси насекаде) е задолжена за маките на децата и на родителите.
За разлика од комарците, каснувањето од оса е многу болно, а отокот на местото на убодот речиси секогаш е многу изразен. Обично страдаат рацете и нозете зашто осата каса во самоодбрана при случаен или намерен контакт со луѓето.

Што можат да преземат родителите?
Идеално е веднаш да се стави мраз на местото на каснувањето, па така и болката и отокот ќе бидат помали. Другиот дел од третманот е ист како при убод од комарец.

Кога да побарате помош од лекар?
Ако постои сомнеж дека детето имало оса во устата, треба веднаш да се побара помош од лекар! Отокот на коренот од јазикот или во грлото може да биде многу опасен зашто може да доведе до целосен прекин на дишењето. За среќа, тоа е многу, многу ретко (но, сепак, се случува). Во тој случај родителите не можат ништо да направат сами освен што побрзо да го однесат детето во најблиската амбуланта.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top