Мајчинската љубов е неизмерна. Секоја мајка за своето дете ќе направи апсолутно сè. Но, постојат ситуации кога нејзините деца ја полудуваат. Сепак, дури и тогаш, мајката го наоѓа вистинскиот збор, иако во себе мисли нешто друго.

Ова се најчестите реченици што мајката ги изговара, а зад кои се кријат мисли со сосема поинаква содржина:

1. Кога ќе каже: „Можеби“

Во главата на мама најчесто тоа е едно големо НЕ.

2. Кога ќе каже: „Ќе видиме“

Сите мајки знаат дека тоа всушност значи: „Никогаш“.

3. Кога ќе каже: „Играјте потивко“.

Она што мама всушност го мисли е: „Престани да зборуваш, моите кутри уши!“

4. Кога ќе каже: „Изгледаш одлично во облеката што ја избра“

Мајките имаат сто работи на ум, а она што во овој момент го мислат е: „Барем да ставеше нешто на себе пред да излеземе!“

5. Кога ќе каже: „Каде го слушна тоа?“

Сите знаат дека мама секогаш е во право и она што всушност сака да го каже е: „Тоа е сосема погрешна информација“.

6. Кога ќе каже: „Еден ден ќе бидете благодарни за тоа“

Иако мајките сакаат да ја повторуваат оваа реченица, она што навистина би сакале да го кажат е: „Се надевам дека ќе заборавите на сè што се случи!“

7. Кога ќе каже: „Дали мама може да има малку приватност во бањата?“

На мајките понекогаш едноставно им треба малку време за себе и она што најмногу би сакале да го кажат е: „Мама би сакала да испие една чаша вино на мир“.

8. Кога ќе каже: „Мислиш дека тоа е добра идеја?“

Без претерување, мислите на мајката се: „Ова е најлошата работа што некогаш сум ја слушнала“.

9. Кога ќе каже: „Душо, тоа е одлично!“

Никој не може да ги обвини мајките што често во овие моменти размислуваат: „Јас и понатаму не знам за што зборуваш, но звучиш воодушевено, а јас целосно те поддржувам“.

10. Кога ќе каже: „Бидејќи јас така реков!“

Всушност, мајката не знае што друго би кажала и во тој момент си мисли: „Дефинитивно ја губам битката, тоа е мојот последен аргумент“.

11. Кога ќе каже: „Само момент!“

Мама моментално прави десет различни работи и мисли: „Немам намера да се поместам додека повторно не ме повикаш“.

12. Кога ќе каже: „Не ти е жешко челото. Немаш температура“.

Она што мама сака да го каже е: „Стани, облечи се и оди на училиште веднаш!“

13. Кога ќе каже: „Прашај го тато“.

Мама ги трие рацете во себе и си мисли: „Сега дојде на ред тој да биде негативецот“.

14. Кога ќе каже: „Тоа звучи како Бијонсе!“

Понекогаш искрените мисли на мама се слични како на оваа: „Боже, те молам моето дете да има барем некаков талент!“

15. Кога ќе каже: „Те сакам!“

Секоја, буквално секоја мајка си ја вели истата реченица: „Не постои апсолутно ништо на светот што би можела да го сакам повеќе од тебе!“

Извор



912

X