Дали и денес, во брзање да ги исполните своите обврски, случајно ја заборавивте најважната – грижата за сопственото здравје?

Дали грижата за имунитетот се случува само кога телото ви испраќа сигнал дека му треба помош? Доколку на кое било од овие две прашања одговорот е ДА, тоа значи дека е време за промена! Сепак, негата за сопствениот имунитет е маратон, наспроти кратка, брза трка, градејќи ја силата со секој изминат чекор. Не смееме да го запоставиме нашиот имунитет бидејќи тој е нашиот најголем сојузник во период на пандемија, сезонски грипови и вируси.


Но сега, би се запрашале, од каде да почнеме? Бидејќи по утрото денот се познава, првиот чекор секако ќе ни биде појадок.
Одберете овесна каша, која е научно потврдена како најпрепорачаниот здрав оброк во модерниот нутриционизам. Најдобра опција е секако избалансирана комбинација на овесни снегулки, овошје и јаткасти плодови – приготвена во малку вода, млеко, јогурт или природен сок. Токму такви се новите овесни каши на познатиот бренд ВИТАЛИА.


Која е таа намирница што ја прави кашата од Виталиа најздравиот оброк?


Тоа се овесните снегулки, кои сочинуваат над 66% од секоја овесна каша.
Тие се природен извор на растителни влакна, кои ги апсорбираат лошите масти, придонесуваат за пријатно долгорочно чувство на ситост, го заврзуваат метаболизмот и го регулираат шеќерот во крвта.
Б-витамините, кои ги има дури 8 во сите видови Виталиа овесни каши, ќе се погрижат за подобра функција на мозочните клетки и побрз метаболизам.
Сувите овошја и семињата даваат дополнително богатство на нутритиенти и вкусови, зголемувајќи го вкусот и задоволството, како и бенефитот од самата консумација.
А доколку вашиот избор е посна храна или практикувате веганска исхрана, Виталиа овесните каши се вистинскиот избор! Тие се целосно без состојки од животинско потекло.

Слатко и здраво – идеална комбинација за добро расположение
За целосно уживање без грижа на совест, овесните каши Виталиа се засладени со стевиа, коja дава сладок вкус без да додаде дополнителни калории. И не само тоа, Виталиа за вас подготви и овесна каша со чиа и карамел без додаден шеќер, совршен оброк за лица за кои сакаат редукција на шеќерот или, пак, за оние со зголемено ниво на глукоза во крвта. Оваа каша е оригинална по својот состав – содржи само 2,4 г шеќер по порција.
Затоа не чекајте, почнете го утрото на здрав и практичен начин, подгответе овесна каша за само 2 минути, а Виталиа нека биде вашата НОВА здрава навика!



912

X