Немајка е жена која технички е мајка, но според балканските стандарди, не ја заслужува таа титула, пишува Србинка на својот блог „Немајка“.
Немајката не ги слуша советите на сосетката, свекрвата, золвите и другите сезнајковци кои се убедени дека знаат подобро и од лекар. Немајката некогаш малку се посветува и на себе – излегува со пријателките, оди на фризер и во шопинг. На немајката куќата никогаш не ѝ е сосема средена. Секогаш некаде има хаос.

Немајката не го форсира своето дете да седи на три, а да оди на шест месеци, само за да може да се пофали на „Фејсбук“. Немајката не знае што е најдобро за нејзиното дете бидејќи не студирала медицина 12 години. Немајката не ги „гугла“ советите на надрилекарите на интернет и не бара совети во родителските групи ако детето има здравствен проблем. Кога е загрижена, таа го носи детето на лекар и не му дава да пие избелувач.

Немајката го вакцинира своето дете бидејќи не сака да се вратат искоренетите смртоносни болести. Немајката не го храни своето бебе со „детски“ кекс и грицки, иако овие намирници кај Србите се сметаат за многу здрави, хранливи и важни за физичкиот и менталниот развој на детето. Немајката навечер не го храни детето со веќе споменатиот измелен кекс или гриз со млеко за тоа да ја преспие целата ноќ.

Немајката на своето бебе му воведува намирници кога за нив е време според препорака на експерти, а не кога таа смета дека е време или по препорака на некоја баба од соседството. Или сѐ од шест месеци бидејќи со нас нашите мајки така постапувале, па што ни фали сега.
Таа не му дава нешто на своја рака на бебето (намирница или лек), па вели дека ништо не му фали.

Немајката не го држи своето дете во пелени до четвртата година зашто така и е полесно.

Извор: Nemajka.rs



912

X