Да ви кажам што ми се случи:
една книга мала ме најде
стој! вика, прочитај ме – ајде.
Будалеста една, мустаќ ми сучи.
Си реков, зошто па да не.
Имаш убаво име, ѝ велам.
Само име? Па јас имам сè!
И сал мудрости делам.
Ха, фалбаџика си ти една,
мислам и почнувам да листам.
Не дека не е вредна,
мрморам, а всушност блистам.
Што е тоа лошо, а што е тоа добро?
се вика госпоѓицата мала.
Не е лесно, а е име бодро.
Прашање со кое нема шала.
Не чудете се што вака ви пишам,
ко да ме фатило беснило.
А некако како тешко да дишам
од возбуда од нејзиното песнило.
Да не должам, досадна да бидам,
подгответе се за тоа што е следно.
И ајде сега вас да ве видам,
ангелосани пред книжето вредно.
„Еднаш едно дете мало
Својот татко го прашало:
’Што е тоа − ДОБРО?
А што е тоа − ЛОШО?‘“
А татко му му рекол:
„Ако детенце валкано е,
Со лиценце црно цело −
Тоа ќе биде многу ЛОШО
За детската кожа и тело.
Дете кое сапун сака,
Забите ги негува,
Тоа дете е многу умно,
ДОБРО постапува.
Ако често ти ги кинеш
Книгите, топките,
Дека ти си ЛОШО дете
Ќе ти речат сите.
За детенце трудољубиво
Со книги што се дружи,
Велат дека е ДОБРО дете,
И за пример служи.“
Па, деца мили…
Се чини, изборот е следен:
Да бидеме добри и чесни;
само таков човекот е вреден,
а таквите луѓе убави ко песни.
912